11 нешта кои е во ред да ги научите на потешкиот начин

11 нешта кои е во ред да ги научите на потешкиот начин

Има луѓе кои се способни да учат од грешките на другите. Но, има и такви кои учат само од сопствените грешки. Или кажано со други зборови, луѓе кои учат на потешкиот начин. Оние кои едноставно учат од искуства, спомени и каење. И спротивно на општото мислење, ова и не е така лошо. Постојат нешта кои дури и мора да се научат на потешкиот начин.

11 нешта кои е во ред да ги научите на потешкиот начин

1. Во ред е на потешкиот начин да дознаете која е вистинската љубов за вас

Во ред е да се заљубите во некој кој не е за вас, да се трудите во врска која нема иднина, или целосно да се вложите во нешто кое нема да трае вечно. За да научите да љубите потребно е време и грешки.

2. Во ред е на потешкиот начин да научите за вашите граници

Во ред е да притискате, да давате сѐ од себе и да се доведувате себеси до границите на возможното пред конечно да се скршите и изгорите. Во ред е да не си ги знаете природните граници.

3. Во ред е на потешкиот начин да дознаете кога треба да си заминете

Во ред е да останете предолго, во ред е и ако избегате прерано, или постојано да грешите кога треба да си заминете, а кога да останете и да се борите. Уметноста на одбирањето на вистинскиот тајминг не е нешто што природно го знаеме. Мора да научиме да им веруваме на нашите инстинкти на потешкиот начин.

4. Во ред е на потешкиот начин да научите кои сте

Во ред е да пробате дали ве собира во различни кутии, да се борите да ги исполните очекувањата, да се менувате толку пати колку што е потребно сѐ додека не станете вистински. Дешифрирањето на тоа кои навистина сте е животен предизвик.

5. Во ред е на потешкиот начин да научите кому да верувате

Во ред е да погрешите со вашата посветеност, лошо да ги процените вашите очекувања или да имате целосна доверба во некој што комплетно ќе ве изневери еден ден. Во ред е да живеете со отворено срце, а на потешкиот начин да научите дека сепак ви е потребна некаква заштита.

6. Во ред е на потешкиот начин да научите кога да се откажете

Во ред е ако цврсто и очајно се држите за нешто, да сакате кога всушност треба да си заминете и да останете кога треба да се откажете. Сите сме го носеле мртвиот товар предолго, барем еднаш во животот, без да знаеме да го цениме моментот кога некогаш е навистина подобро да се откажеме.

7. Во ред е на потешкиот начин да ги откриете вашите професионални вредности

Во ред е некогаш да работите премногу, а за возврат да добивате премалку. Тоа е природен дел од живеењето, константно да ја прилагодувате вашата перцепција за вашата професионална вредност.

8. Во ред е на потешкиот начин да научите како да се однесувате кон себе

Во ред е некогаш да сте премногу строги или премногу нежни кон себе, за еден ден да го најдете физичкиот и психичкиот баланс.

9. Во ред е на потешкиот начин да научите како да простите

Во ред е некогаш да држите лутина и омраза, да дозволите отровот на горчината да влезе во вашиот систем, пред да ја почувствувате потребата од опростување. Кога имате потешкотии со опростувањето, вие се борите со човечките емоции за самозаштита.

10. Во ред е на потешкиот начин да научите да се справувате со животот

Во ред е некогаш да се фаќате за сламка, да бидете очајни, да се обидете и да не успеете во механизмите за справување со проблемите. Во ред е ако не знаете интуитивно да се спасите себеси. Низ тие грешки ќе откриете што ви е навистина потребно и на што можете да се потпрете во моментите на борба.

11. Во ред е на потешкиот начин да научите што сакате

Во ред е со сите сили да се обидете да го остварите сонот кој евентуално ќе го снема. Во ред е ако некогаш во животот следите погрешни патеки и траги. Вашиот живот ќе биде константен процес на менување желби и перцепции. И не треба да ги откриете сите одеднаш. Постојат нешта кои мора да се научат по пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар