11 начини во истиот овој момент да си го подобрите расположението

11 начини во истиот овој момент да си го подобрите расположението

Има денови кога се будите уморни и нервозни. Има и денови кога станувате од кревет одлично расположени, но како што минува денот работите тргнуваат наопаку. Без разлика која е причината за вашето лошо расположение во моментов, овие 11 едноставни совети ќе ви помогнат да се почувствувате посреќни во истата секунда штом почнете да ги применувате…

11 начини да си го подобрите расположението сега во овој момент

1. Излезете надвор на кратка прошетка. Понекогаш она што ви треба е свеж воздух за да си го избистрите умот и да го „проветрите“ од негативните мисли.

2. Или само гледајте фотографии од прекрасни пејзажи. Според едно истражување, самото гледање во волшебни природни пејзажи може да ви го подобри расположението.

3. Истуширајте се со топла вода. Затворете ги очите и оставете ја водата да ви се слева по лицето. Нанесете гел за туширање со најубав и најинтензивен мирис и веднаш ќе почувствувате како негативните емоции полека исчезнуваат.

11 начини да си го подобрите расположението сега во овој момент

4. Слушајте музика. Размислете што ви треба во моментов. Трошка енергија? Малку мир? Направете си музичка плејлиста согласно со вашите потреби.

5. Исправете се. Главата горе, грбот исправен и рамената спуштени надолу. Немојте да се грбавите како кифла.

6. Ставете си парфем. Оние кои го почувствувале мирисот на тазе направени пуканки или поминале покрај цвеќарница знаат дека мирисот има силно влијание на расположението. Сега ставете си парфем, а подоцна направете си пуканки и купете си букет свежо цвеќе.

11 начини да си го подобрите расположението сега во овој момент

7. Ставете си кармин. Коко Шанел некогаш рекла: „Ако сте тажни, ставете повеќе кармин и нападнете“. Држи вода.

8. Направете кратка листа на нештата што ги сакате. Треба да се фокусирате на ситниците како што се „чувството кога ќе облечам тренерки по напорниот ден“, но и на поголемите успеси како „стигнувањето до крајната цел на мојот прв полу-маратон“. Треба само да го менувате фокусот.

9. Споделете смешна фотографија на Инстаграм. Но, само со вашите најблиски пријатели. Со оние кои ја имаат истата чудна смисла на хумор и ќе ви вратат со подеднакво смешна фотографија за само неколку минути.

11 начини да си го подобрите расположението сега во овој момент

10. Или едноставно разгледувајте смешни објави и слатки фотографии. Гледајте го она што ви извлекува насмевка на лицето, како на пример кутриња или бебиња со неодолив начин на смеење.

11. Повторувајте некоја позитивна мантра. Обидете се да си ја кажувате во себе додека сте во канцеларија, во вашиот автомобил или пак во супермаркет. Можеби ќе ви делува чудно на почетокот, но по неколку обиди навистина ќе почнете да верувате во она што си го велите.

Доколку сѐ уште се чувствувате лошо, прочитајте ги овие 20 инспиративни начини за пронаоѓање среќа во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар