11 начини на кои несвесно си го отежнувате животот

11 начини на кои несвесно си го отежнувате животот

Никој не сака да си го отежнува животот, но токму тоа се случува кај повеќето луѓе. Сигурно и самите си го правите животот потежок без да сте свесни за тоа. Тоа може да случува од многу различни причини. Можеби вашите лоши навики или нереалистични очекувања се главните виновници за вашето стресно секојдневие. Доколку чувствувате дека во последно време ви е понапорно од вообичаено, прочитајте ги следниве 11 начини на кои несвесно си го отежнувате животот и направете ги потребните промени…

11 начини на кои несвесно си го отежнувате животот

1. Ги одложувате обврските

Дали дозволувате во домот да завладее хаос пред конечно да решите да го исчистите? Дали никако не успевате да го започнете големиот проект на работа бидејќи самата помисла на него ве ужасува? Колку повеќе ги одложувате работите толку поголема станува вашата анксиозност во врска со одредена задача, особено ако треба да ја завршите до одреден временски рок. Наместо да одложувате, едноставно почнете од некаде и веднаш ќе се почувствувате безгрижно.

2. Туѓото мислење има преголемо влијание на вас

Сосема е во ред доколку побарате совет од пријател, но не треба да дозволите туѓото мислење премногу да влијае на вас. Всушност, повеќето луѓе веќе знаат што треба да направат, само сакаат да добијат нечие одобрување. Пријателските совети можат да ви ја дадат потребната сигурност, но ако успеете да ги изоставите од процесот на донесување одлуки, ќе се чувствувате многу порелаксирано.

3. Не барате помош кога ви е потребна

Многу луѓе се плашат да побараат помош, бидејќи мислат дека на тој начин ќе покажат несигурност. Но, многу е важно да се побара помош во периоди кога животот ви станува премногу стресен. Тоа не само што ќе ви помогне да ги завршите обврските, туку и ќе ви ја намали анксиозноста предизвикана од чувството на беспомошност и безнадежност.

4. Му се препуштате на перфекционизмот

Понекогаш едноставно треба да завршите работа, без разлика дали ќе успеете да го направите тоа совршено или не. И покрај тоа, многумина му дозволуваат на перфекционизмот да завладее со нивното секојдневие до тој степен што ги доведува до лудило. Ваквиот начин на размислување може да ве наведе да помислите дека животот е потежок одошто навистина е. Ќе си ги искомплицирате работите со тоа што ќе гледате да функционирате на одреден совршен начин, а тоа е бесмислено и нема да ве одведе никаде.

11 начини на кои несвесно си го отежнувате животот

5. Мислите дека сѐ ви се случува само вам

Животот знае да биде тежок, тука нема никаков сомнеж. Но, што и да правите немојте да мислите дека сите лоши работи ви се случуваат само вам. Ваквиот начин на размислување ќе ви ја одземе моќта да промените нешто, а тоа не е воопшто добро.

6. Не сте благодарни

Сигурно сте чуле дека треба да бидете благодарни за нештата што ги имате во животот, и тоа не се вели без причина. Ако живеете без да ги забележувате позитивните работи во вашиот живот, ќе се чувствувате депресивно и нерасположено. Не заборавајте да ја искажете вашата благодарност.

7. Постојано се опседнувате со работите

Постојаната опседнатост со работите може да доведе до одложување на обврските, хаос и недостаток на урамнотеженост во животот. Тоа ќе ви одземе многу време и ќе ви оневозможи да живеете со полни гради.

8. Започнувате премногу проекти одеднаш

Ова може да значи дека вашиот распоред е преполн, но истото може да се однесува и на вашите животни цели. Големите цели предизвикуваат анксиозност и непријатни чувства уште пред да се обидете да ги остварите. Тоа ја намалува веројатноста дека ќе преземете нешто за да го постигнете она што го посакувате. Направете си услуга со тоа што ќе ги расчлените целите на совладливи чекори и веднаш ќе се почувствувате милион пати подобро.

11 начини на кои несвесно си го отежнувате животот

9. Секој неуспех го сметате за крај на светот

Сте наишле на некаква пречка во животот и веднаш се вознемирувате, кревате раце и се однесувате како да е крај на светот. Ваквиот начин на размислување ќе го истошти вашиот ум. Негативните мисли ги преувеличуваат проблемите и создаваат илузија дека се поголеми одошто се. Сето ова предизвикува стрес, а тоа не ви е потребно во животот.

10. Заглавени сте во рутина

Ако моменталната рутина не ви одговара, тоа е знак дека треба да ја промените. Сепак, малкумина од нас навистина го прават тоа. Не е лесно да се сменат секојдневните навики, но понекогаш токму тоа треба да го направите за да се чувствувате подобро.

11. Правите премногу листи на обврски

Листите на обврски што треба да ги завршите во текот на денот се многу корисни, но ако си зададете премногу задачи, ќе постигнете спротивен ефект. Луѓето честопати прават листи за да си ги одложат обврските или да обезбедат докази за работите што требале да ги завршат. Најдобро е да направите една главна листа на обврски и да се фатите за работа.

Постојаното одложување, негативното размислување и правењето премногу планови се главните виновници за вашето стресно и напорно секојдневие. Одбегнувајте ги овие мали стапици и воспоставете контрола врз сопствениот живот. На тој начин, ќе си ја вратите потребната мотивација и волја за да го извлечете најдоброто од себе.

Доколку моментално поминувате низ особено стресен период, ова се 13-те работи кои треба да ги запаметите кога животот станува неподносливо тежок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар