11 момци ги опишуваат најлошите искуства од љубовни состаноци со девојки
Првите љубовни состаноци некогаш се успешни, но некогаш резултираат со огромна катастрофа, што и двајцата сакаат да заборават дека се случила. Иако општиот стереотип е дека момците се оние поради кои нешто не оди како што треба, голем е бројот и на девојки кои намерно или ненамерно, целосно го уништуваат состанокот. Се случува дури и овие „дејтови“ да бидат проследени со поголеми или помали инциденти. Неколку момци ги опишале нивните најлоши искуства со девојка на прв состанок:
1. Девојката заспа за време на вечерата
„Досега имам излезено со две жени, од кои и двете беа доста нервозни поради состанокот. Првата заспа за време на вечерата, бидејќи неверојатно беше исцрпена. Морав да ѝ повикам такси за да ја однесе дома. Втората девојка за малку ќе повратеше врз мене, обидувајќи се да ми се нафрли кога ја враќав дома.“
2. Таа ги собра сите остатоци од храна
„Цело време беше на телефонот, а често одеше и до тоалет, исто така со телефонот. Платив, го напуштивме ресторанот и како што се движевме по улицата, нејзин пријател дојде да ја земе. Најверојатно таа се јави кога беше во тоалет. Ми беше непријатно. Барем да ми кажеше дека не ѝ се допаѓам. Освен тоа, таа ги зема сите остатоци од храната, кои ги платив доста скапо.“
3. Ме искористуваше за бесплатна храна
„Сигурен сум дека излегуваше со мене затоа што плаќав за храната. Едвај разменувавме по некој збор, а нејзините очи цело време беа вперени во телефонот. Не беше заинтересирана да каже што било. Еден ден, на мојот другар кој работи во ресторанот му раскажав што се случува и ја платив само својата сметка и заминав од состанокот.“
4. Случајно се појави нејзиниот цимер
„Бевме во ресторан и нејзиниот цимер, заедно со помалиот братучед ‘случајно’ поминаа и ни се придружија. Сфатив дека тоа веќе не е состанок. Јас платив за мојата храна, таа за нејзината и тоа беше последен пат што се видовме.“
5. Се обиде да ми се нафрли во тоалетот
„Само што се запознавме таа почна да зборува дека мојата ќерка е прекрасна, а потоа праша дали сакам уште деца и додаде дека ако не сакам, таа е сосема во ред со тоа, бидејќи јас веќе имам дете. Потоа пиеше неконтролирано, па се обиде да ми се нафрли. Потоа сакаше да имаме секс во тоалетот, каде што повраќаше неколку пати. Ја избришав апликацијата ‘Тиндер’ и никогаш повторно не се вклучив.“
Прочитајте уште неколку исповеди на следната страница…