11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки
6. Зелен чај и алое вера
Зелениот чај ја подмладува кожата, ги отстранува акните и го спречува стареењето. Алое верата е исто добра за акните и ги израмнува брчките на лицето.
Начин на подготовка:
- Измешајте 1 лажичка зелен чај со 1 лажичка гел од алое вера.
- Оставете да делува на кожата 30 минути.
- Исплакнете со студена вода.
7. Кокосово масло и какао
Маската со какао е одлична за зачувување на младоста на кожата поради витаминот Б5. Исто така тоа создава ефект на лифтинг. Во комбинација со кокосово масло, оваа маска ја храни и влажни кожата и ги отстранува мртвите клетки.
Начин на подготовка:
- Измешајте 1 лажица какао во прав со 1 лажичка кокосово масло.
- Оставете ја маската да делува на кожата 20 минути.
- Исплакнете со топла вода или со чај од камилица.
8. Леб и млеко
Во козметиката лебот се користи за лицето поради аминокиселините, Б витамините и ПП минералите. Маските со леб и млеко ги намалуваат брчките, ги отстрануваат митесерите, ги зајакнуваат капиларите на лицето и ги намалуваат воспаленијата.
Начин на подготовка:
- Измешајте 1 лажица леб со 1 лажичка топло млеко.
- Направете паста од смесата.
- Нанесете ја маската на лицето и оставете да делува 15 минути.
- Исплакнете со вода.
9. Банана и овес
Оваа маска е одлична за сува и чувствителна кожа. Бананата содржи витамини А, Б и Ц и ја храни и навлажнува кожата. Овесот ги отстранува мртвите клетки.
Начин на подготовка:
- Измешајте 1 лажица овес со 1 лажица пире од банана.
- Нанесете на кожата и оставете да делува 20 минути.
- Исплакнете со топла вода.
10. Активен јаглен и желатин
Во желатинот има природен колаген кој лесно навлегува во кожата и ја прави еластична. Активниот јаглен ги суши и намалува порите и ја намалува појавата на акни и митесери.
Начин на подготовка:
- Растопете 1 лажичка желатин во топла вода.
- Додајте 1 таблета активен јаглен.
- Нанесете ја маската и почекајте 15 минути.
- Исплакнете со топла вода.
11. Белка од јајце и краставица
Оваа маска ќе направи вашата кожа да заблеска. Краставицата ќе ја исчисти кожата, а белката од јајце е одлична за мрсна кожа.
Начин на подготовка:
- Измешајте половина краставица со една изматена белка од јајце
- Нанесете ја смесата на лицето и почекајте 15 минути.
- Исплакнете со вода.
За да се ослободите од брчките и акните, пробајте ги овие маски за лице со аспирин.