11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

На состојбата на нашата кожа влијаат многу фактори. Возраста, климата и стресот се само неколку од нив. За да ги спречите проблемите со кожата неопходно е да почнете да се грижите за неа од рана возраст. Ова не значи дека треба да давате многу пари за скапи креми. Можете да го трансформирате вашето лице со само 2 состојки што се наоѓаат во вашиот фрижидер.

1. Домати и сода бикарбона

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Употребете сочни и свежи домати. Оваа маска содржи многу витамини. Витаминот Б9 ги отстранува акните, витаминот А се справува со сувоста, витаминот К ја отстранува пигментацијата, витаминот Х и цинкот ги регенерираат клетките на кожата. Калиумот ја навлажнува, калциумот ја омекнува, а холинот ја подмладува кожата на лицето.

Начин на подготовка:
  • Исцедете еден домат.
  • Измешајте го со 2 лажици сода бикарбона.
  • Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 10 минути.
  • Исплакнете со вода.

2. Авокадо и мед

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Авокадото содржи калиум, калциум, натриум, фосфор, бакар, железо, магнезиум, цинк и витамин Е. Во комбинација со мед, авокадото ја негува кожата и ја прави поеластична.

Начин на подготовка:
  • Направете пире од зрело авокадо.
  • Измешајте го со една лажица мед.
  • Нанесете ја маската на лицето и оставете да делува 15 минути.
  • Исплакнете со вода.

3. Брашно и сок од компир

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

За блескава кожа, измешајте брашно со сок од компир. Брашното ќе ја отстрани мртвата кожа, а сокот од компир ќе ги намали митесерите.

Начин на подготовка:
  • Измешајте сок од еден компир со 6 лажички брашно.
  • Нежно втријте ја смесата на кожата.
  • Оставете да делува 15 минути.
  • Исплакнете со вода.

4. Краставица и куркума

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Сите ги сакаат козметичките продукти со краставица. Таа ја навлажнува кожата и ги намалува порите. Куркумата е природен антисептик и универзален зачин за подмладување.

Начин на подготовка:
  • Сомелете една краставица.
  • Додајте 1 лажичка куркума.
  • Нанесете ја смесата на кожата и оставете да делува 10-15 минути.
  • Исплакнете со вода.

5. Сок од лимон и папаја

11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки

Папајата е моќен антиоксиданс поради високото количество витамин А. Покрај тоа помага во отстранување на мртвите клетки и ја подмладува кожата. Сокот од лимон е одличен за темните дамки на кожата и за изедначување на тенот.

Начин на подготовка:
  • Измешајте 1 лажица пире од папаја со 4 капки сок од лимон.
  • Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 10-15 минути.
  • Исплакнете со студена вода.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар