11 летни модни парчиња кои ѝ се потребни на секоја жена
6. Чанта со впечатлива боја
Во студените месеци изборот на чантата е повеќе практичен отколку модерен. Сега конечно можете да ги извадите шарените големи чанти. Во нив собира сè што ви е потребно и одлични се за завршување обврски, но и за пикник.
7. Широк фустан
Летото носи многу придобивки, чоколаден тен, сладолед, одмор на плажа… Но, си има и свои недостатоци – поради топлината вашата облека како постојано да ви е залепена за телото. За да го избегнете ова, одберете некој спортски широк фустан кој е изненадувачки женствен. Неговата форма навистина ќе ви помогне во топлите летни денови.
8. Очила во форма на „мачкини очи“
Ниту еден моден додаток не е важен колку овие очила. Нивната форма ќе го издолжи вашето лице и ќе ве направи попривлечни. И најдобро од сè е што овие очила им стојат добро на сите.
9. Блуза со голи раменици
Овие блузи стануваат сè попопуларни. Тие одлично ги истакнуваат вашиот врат, вашите клучни коски и исончаните рамена. И секако, не заборавајте да нанесе заштитна крема на изложените места.
10. Еспадрили
Нема други чевли кои ќе направат да се чувствувате како да сте на тропски остров. Овие чевли кои потекнуваат од Шпанија се најблиску до одење боси. Денес изборот е огромен. Ги има во сите бои, со секакви дезени, па дури има и со врвци.
11. Бели панталони
Во текот на летото со задоволство ги заменуваме фармерките со нешто поудобно. Пронајдете пар бели панталони кои одговараат на вашата фигура. Може да бидат долги, до глуждовите, широки, тесни, со висок струк… има безброј опции. Најдоброто е што можете да ги носете со која било блуза или кошула, а вашиот тен сигурно ќе дојде до израз.
Погледнете ги и овие парчиња облека кои се хит ова лето.