11 летни модни парчиња кои ѝ се потребни на секоја жена
Сега кога летото и официјално пристигна, време е да ги замените пастелните парчиња облека со нешто што одговара со летната сезона. Иако звучи како многу, сè што треба да промените се само неколку работи кои ќе го освежат вашиот стил. Погледнете кои безвремени модни парчиња ќе ви се најдат ова лето.
1. Блуза со риги
Ригите за летото се како цветовите за пролетта. Тие се иконски, безвремени и поради тоа, неопходни. Ова лето имајте барем една блуза со риги во вашиот гардеробер. Без разлика дали сакате без ракави или пак, со кратки ракави, изборот е голем и сигурно ќе најдете нешто што ќе ви се допадне.
2. Ленена кошула
Еден од најголемите проблеми за летната облека е да најдете нешто што изгледа добро, но и што е направено од убав материјал. Ленот е одличен избор за топлите летни денови. Тој е доволно лесен за да не се испотите, но и доволно дебел, додека истовремено не е провиден. Тој е совршен за опуштен, но среден изглед.
3. Кратки панталони со висок струк
Во текот на летото, овие панталони ја истакнуваат вашата половина и ги издолжуваат вашите нозе. Тие изгледаат пристојно иако се многу кратки. Комбинирајте ги со омилената кошула, и не заборавајте да ја ставите во панталоните.
4. Фустан со широко здолниште
Навистина е тешко да пронајдете соодветна облека за работа, за состанок или за некој настан во текот на летото. Сепак е тешко да изгледате како дама ако ви е жешко и ако се препотувате. За среќа, фустаните со широко здолниште се одлична замена за панталоните и молив-здолништата. Изгледаат убаво и елегантно и имате доволно„простор“ да бидете разладени во текот на денот.
5. Сандали
После чизмите и чевлите, време е да ги истакнете вашите стапала со омилените сандали. Се разбира, прво направете си педикир, а потоа подгответе се да ги покажете сандалите. Изборот е навистина голем, со ремчиња, со потпетици, со врвци… Едноставно не можете да го поминете летото без да имате еден пар.
Продолжува на следната страница…