11 лаги за вагината што сите жени ги имаат слушнато барем еднаш
Постојат многу митови за вагината што кружат наоколу. За жал, многу жени веруваат во нив и на тој начин ја потценуваат убавината на овој полов орган. Прочитајте ги следните лаги за вагината што сигурно сте ги чуле барем еднаш во животот…
1. Ве прави слаби. Лошите момчиња обично не им дозволуваат на девојчињата да играат фудбал заедно со нив, но подоцна откриваат дека има девојчиња кои се побрзи и поопасни од нив во игрите со топка. Вагината не ве прави послаби како луѓе и овој полов орган не треба да се користи како навреда за поединците кои се сметаат за слабаци.
2. Таа служи само за да излезе бебе од неа. Многу луѓе мислат дека вагините служат само за раѓање бебиња. Но, тоа што имате вагина не значи дека мора да родите бебе! А има и луѓе кои не се родени со вагина, а сепак сакаат да имаат дете. Ова е еден од најголемите митови!
3. Има лош мирис. Ова не е вистина! Сите вагини имаат природен мирис и секој кој ќе се обиде да ви каже дека вашата мириса непријатно, слободно можете да го исфрлите од животот. Но, ако забележите дека вашата вагина има чуден мирис, треба да посетите доктор. Одредени непријатни миризби се симптом на инфекции, како што е бактериската вагиноза.
4. Ве прави помалку вредни во деловниот свет. И покрај разликите во платите, вагината воопшто не влијае на квалитетот на вашите работни способности. Вагината најверојатно ве прави уште подобри работници, бидејќи мислите дека треба да работите дупло повеќе за да се докажете.
5. Многу крвари за време на првиот сексуален однос. Некои жени крвават за време на првиот сексуален однос, но некои не. Крвавењето што се поврзува со првото сексуално искуство се случува поради растегнувањето на хименот (а не поради неговото „кинење“), но кај многу жени хименот се истегнува за време на некои детски активности, како што е возењето велосипед или вежбањето гимнастика. Крвавењето не е знак на тоа дали на некоја девојка ѝ е прв пат или не. Не се вознемирувајте доколку не крвавите.
6. Првиот сексуален однос е многу болен. Доколку вашиот химен се истегнува за време на првиот сексуален однос, тоа може да предизвика малку болка. Но, болката не е толку ужасна како што раскажуваат средношколките. Најчестиот причинител на болка за време на првиот сексуален однос е вагиналната сувост, а тоа е нешто што може да му се случи секому. Во таков случај најдобро е да користите лубрикант.
7. Мора постојано да биде средена. Апсолутно не! Ваша вагина-ваш избор. Ако сакате да пуштите „коса“, слободно сторете го тоа! Ако сакате да бидете покреативни и да си направите „фризура“ и тоа е исто така одличен избор. Но, доколку сакате да го одржувате пределот „таму долу“ , внимателно бирајте ги производите. Мирисливите лосиони и сапуни може да ја иритираат вагината, а бричевите можат да предизвикаат навистина непријатно печење.
8. Не ѝ треба помош за да се навлажни. Погрешно! Лубрикантот е вашиот пријател. Користете го секогаш кога ви треба. Доколку користите лубрикант, тоа не значи дека не сте доволно сексуални, туку дека сте сосема нормални.
9. Предизвикува нестабилно однесување. Докторите уште одамна ги дијагностицираат жените со нешто што се вика „хистерија“ , а во еден период лекот бил оргазмот. Иако докторите веќе не ги дијагностицираат луѓето со хистерија, идејата дека луѓето кои имаат вагина се „луди“ постоела многу долго време. Не верувајте во ова.
10. Вагината е клучот за сите ваши оргазми. Некои жени тврдат дека постојано доживуваат вагинални оргазми и тоа е одлично. Но, клиторисот, структурата што се наоѓа на површината на вулвата и се проширува длабоко во телото, е аналоген на пенисот. Освен тоа, клиторисот има повеќе нервни завршетоци од главата на пенисот. Клиторисот е многу чувствителен и тоа е клучот за доживувањето оргазам!
11. Треба да изгледа на одреден начин. Постои поголема веројатност дека ќе најдете 2 идентични снегулки отколку 2 идентични вагини. Помеѓу вагините постојат мали разлики во бојата на кожата, обликот на усните, големината и уште многу други ситници кои ја сочинуваат комплексноста на една вагина. Сѐ додека внимавате на некои невообичаени отоци и израстоци, изгледот на вашата вагина сигурно е сосема нормален.
Прочитајте ги и следниве 9 митови за вагината во кои навистина треба да престанете да верувате.