11 карактеристики што треба да ги има жената на вашиот живот
Сите сакаат вистинска љубов, но да ја пронајдете личноста од која ќе добиете таква љубов е малку тешко. Постојат многу различни видови луѓе и милион различни начини да ги запознаете. Па, како можете да бидете сигурни дека ја пронајдовте вистинската личност? Како да знаете дали девојката што сте ја одбрале е совршена за вас? Овие знаци ќе ви откријат дали таа е навистина добра девојка. Ако ги има овие карактеристики, никогаш не дозволувајте да си замине.
1. Ве поддржува
Таа ве поддржува во сите ваши напори и не ве омаловажува, не ве исмејува и не ја уништува вашата мотивација. Ако сметате дека имате мисија или цел што сакате да ја постигнете во животот, потребен ви е некој кој ќе ви помогне, а не некој што ќе ве спречува.
2. Таа е добра личност
Ако не можете да наброите неколку причини зошто е добра, тогаш имате проблем. „Таа е секси“ и „сакам да спијам со неа“ не се сметаат како причини дека е добра личност.
Привлекувањето и занесеноста се добри, но може да ве одведат во стапицата на прилично тешка врска која трае кратко.
3. Таа е искрена
Дури и кога не е лесно да се каже вистината. За да изградите врска што ќе трае долго, потребна ви е личност што ќе ви каже каде грешите.
Исто така, искрената личност која не се плаши да каже како се чувствува, нема да каже нешто само за да ве задоволи, а потоа да прави нешто што всушност не ѝ се допаѓа бидејќи знае дека незадоволството може да ја уништи вашата врска.
4. Таа е совршен кандидат да ја однесете дома кај вашата мајка
Кога ја запознавате вашата девојка со семејството, не треба да се грижите дали таа ќе биде груба кон нив или дали можеби ќе предизвика некоја сцена за време на средбата. Ако таа е одлична само за забава за една ноќ, но не сте сигурни дека можете да ја покажете на друго место, тоа значи дека таа не е вистинската.
5. Постои хемија помеѓу вас
Ако имате иста смисла за хумор, се смеете еден со друг и имате слични карактери, тоа е позитивен знак.
6. Не се занимава со поранешните партнери
Сите имаат бивши партнери, но како се однесувате со нив или како ги опишувате вашите односи со нив, многу зборува за тоа колку сте достапни. Ако таа сè уште се расправа со поранешниот партнер, веројатно се уште не е подготвена за нова врска, а тоа покажува како ќе заврши и вашата врска.
Забелешка: Ако таа и нејзиниот поранешен партнер се најдобри пријатели, тоа не е добар знак.
7. Таа има добри односи со семејството и со пријателите – и со вашите
Семејството и пријателите се многу важни во врските. Ако не може да ги почитува овие делови од вашиот живот, тогаш таа не е за вас.
Можеби мисли дека ваши пријатели не се добри, но не треба да ви кажува со кого да се дружите. Ако го прави тоа, ќе ве оддалечи од вашите пријатели. Во тој случај, таа се обидува да ве промени.
8. Ви го дава потребниот простор
Можете да поправате автомобили, да планинарите, да играте видеоигри, да пиете пиво со пријателите или да правите што сакате друго во вашето слободно време. Ако таа се лути, плаче и се расправа со вас кога ќе одберете да ги правите тие работи, тоа не е добар знак.
9. Таа не е вашиот вообичаен тип
Ако имате вообичаен тип девојки што ви се допаѓаат, тогаш веројатно ги повторувате истите грешки со тоа што ќе изберете не само ист физички изглед, туку и исти токсични карактеристики.
Фактот што таа се разликува од останатите е добар показател, а не нешто што треба да ве загрижува.
10. Се сака себеси
Многу е тешко да се справите со личност што не се чувствува удобно во својата кожа. Комплиментите се нешто што секоја девојка сака да го слушне, но ако некој постојано бара комплименти и потврдување и има ниска самодоверба, ќе го исцрпи дури и најстрпливиот човек.
11. Таа простува лесно
Една мала замерка предизвикува незадоволство и може да ја уништи врската. Многу замерки се рецепт за катастрофа.
Ако таа постојано нешто негодува и тешко простува, тогаш не е за вас. Вам не ви треба некој што ќе глуми жртва, туку некој што разбира дека минатото е минато и дека треба да остане таму каде што припаѓа.
Прочитајте кои 10 постапки откриваат дека партнерот се грижи за вас.