11 карактеристики на здравата и среќна врска
Многу парови имаат проблеми. Понекогаш овие проблеми се толку сериозни што тие бараат помош од стручни лица. Стручните лица им помагаат да одлучат дали треба да продолжат заедно или секој по свој пат. Понекогаш, љубовта и комуникацијата не се доволно за парот да остане заедно. Вo продолжение прочитајте што е доволно да останете заедно и што е потребно за вашата врска да биде здрава и среќна.
1. Комуникација
Ниту една врска нема да напредува без конфликт. Она што ја враќа рамнотежата е добрата комуникација. Поради ова, комуникацијата е најважниот фактор во врската бидејќи ја претставува нејзината способност да се исправи. Важни се неколку работи поврзани со комуникацијата.
- Превентива: Најдобро е да се зборува однапред и да се спречи проблемот наместо да се искуси.
- Постојаност: Нема никаква полза ако комуницирате одвреме-навреме. Комуникацијата ќе биде успешна само ако се случува постојано.
- Искреност: Добрата комуникација е основана на доверба. Неискреноста ќе има само спротивен ефект.
2. Започнете со доверба
Во врската мора да постои доверба. Сигурно нема да уживате во врска со личност на којашто не ѝ верувате. Оној кој не му верува на партнерот често ќе прави тој да почне да чува тајни, дури и ако нема потреба од тоа. Ова само го зголемува сомнежот.
3. Вредности
Повеќето парови не се согласуваат на разни теми и тоа е во ред. Но секоја личност има верување кое нема да го промени. За некои тоа е политика, за други имањето деца, а помеѓу пријатели може да станува збор и за етика. Без разлика кое е вашето верување од овој тип, важно е партнерот да го дели. Во спротивно ќе се чувствувате како постојано да барате компромис на подлабоко, лично ниво. Сепак, ако и двајцата имате разбирање и ако се слушате еден со друг, компромисот нема да ви претставува проблем.
4. Интимност како мерило
Иако интимноста најчесто се поврзува со сексот, таа е многу повеќе од тоа. Интимноста може да се дефинира како способност за комуницирање на подлабоко ниво. Ова може да се случи помеѓу пријатели, членови од семејството и романтични партнери. Кога интимноста се гледа како секс, таа има важна улога во врската. Здравиот сексуален живот можеби не укажува на здрава врска, но е индикатор на многу позитивни нешта.
5. Ранливост
Едно од најдобрите нешта кога сте во врска е тоа што со партнерот можете да споделувате работи кои не би ги кажале никому. Способноста да бидете целосно отворени кон некого е од голема важност. На овој начин вие сте ранливи. Потребно е вие и вашиот партнер да развиете способност да се отворите, но и да се прифатите еден со друг.
6. Разговор за иднината: Деца
Изненадувачки, но заедничкото минато не мора да значи подобра врска. Но, заедничките погледи и желби за иднината може да бидат клучни. Овде станува збор за деца, финансии и животен стил. Важно е да ја разберете визијата на партнерот за овие нешта. Најчестото сценарио кај паровите во брак е (не)согласувањето за имање деца. Потребни се комуникација и разбирање за да се дојде до компромис.
7. Разговор за иднината: Финансии
Различниот став кон парите може да предизвика многу проблеми, и кај романтичните врски и кај пријателите. Ако еден од партнерите сака да штеди а другиот да троши, може да се појават проблеми кога ситуацијата со пари ќе стане лоша. Иако нема потреба да имате ист став, важно е да разговарате на оваа тема.
8. Разговор за иднината: Животен стил
Овде спаѓаат многу работи како поминување слободно време, исхрана, па дури и распоред на спиење. Вистината е дека секој си има свои желби и потреби па важно е да се најде компромис. Кај помладите парови може да биде потешко да се прилагодат на заедничкиот животен стил. Паровите кои се запознаваат подоцна полесно се справуваат со овој проблем.
9. Рамнотежа помеѓу зависност и независност
Преголемата зависност е лоша и колку преголемата независност. Ако не постои барем малку зависност, ниту еден од партнерите нема да се чувствуваат како да се тим. Ако зависноста е преголема, едниот или двајцата партнери брзо ќе се заморат. Најважно е да се пронајде рамнотежа.
10. Не заборавајте ги пријателите и семејството
Ова е нешто што често се заборава бидејќи романтичната врска обично не ги вклучува пријателите и семејството. Но доаѓа фаза кога партнерите треба да ги запознаат своите пријатели и семејство. Важно е да бидете на иста страница со овие луѓе. Ако вашиот партнер не може да се справи со вашите пријатели или со вашето семејство, размислете дали ќе можете да го толерирате тоа.
11. Посветеност
На почетокот на врската не се обрнува премногу внимание на ова. Сè изгледа совршено и мислите дека нема да се појави никаков проблем. Посветеноста може да се дефинира како желба да останете со една личност дури и кога ќе поминат забавните моменти. Успешните и долги врски поминале низ многу такви фази. Кога станува збор за посветеност, важно е да запомните неколку нешта.
- Посветеноста е полесна кога ги цените квалитетите на личноста коишто не се менуваат со околностите. На пример, повеќе ја цените смислата за хуморот на партнерот отколку неговата плата.
- Преголемата посветеност може да биде штетна. Поради ова многу луѓе остануваат во насилни врски предолго. Здравата посветеност значи да имате перспектива за квалитетите на личноста што ја сакате. Нездравата посветеност значи да го ставате партнерот пред вашата среќа.
- Посветеноста е потребна од двете страни. Полесно е да му се посветите некого кој ви е посветен и вам.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во врска со маж кој сака да ве направи среќни.