11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас - Part 2

11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас

6. Заоблена фигура

11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас

Постои верување дека заоблената фигура е знак за здравје и плодност. Па често мажите одбираат полни жени кога се подготвени за семејство. Постои и друга теорија – „големите“ жени изгледаат посилно и се партнери на кои можете да се потпрете. Па ако вашата партнерка има облини, можеби сте подготвени за семејство.

7. Партнер што личи на родителите

11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас

Таткото на психоанализата, Зигмунд Фројд, тврдел дека одбираме партнер кој личи на родителот од спротивниот пол. Модерните научници откриле дека изгледот на нашиот партнер често е сличен со оној на родителот веднаш по нашето раѓање. Ова покажало и дека ако родителите имаат дете подоцна во животот, голема е веројатноста детето да има постар партнер. Па, слободно споредете ги фотографиите од вашите родители и партнерот и откријте дали личат едни на други.

8. Миленици

11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас

Според неколку анкети, жените обрнуваат внимание на милениците на мажите. Мажот со миленик создава слика на одговорна и личност на којашто можете да се потпрете. Истото важи и за жените. Оние кои имаат миленици изгледаат грижливо и подготвено за сериозна врска.

9. Заслужено признание

11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас

Едно интересно истражување ни помага да ја погледнеме привлечноста од друг агол. Според резултатите, на луѓето им се допаѓаат оние кои не им се допаѓале на почетокот, но подоцна го смениле мислењето. Личноста која ве третира добро можно е да не ве интересира. Можеби ова е причината што многу парови си кажуваат како се мразеле кога се запознале, а сега се сигурни дека се создадени еден за друг. Всушност, фактот дека сте успеале да промените нечие мислење за вас е вистинска победа и прави навистина да ја цените врската со таа личност.

10. Темпо на одење

11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас

Обично паровите имаат исто темпо на одење. Причината за ова е тоа што луѓето со исто темпо си се допаѓаат повеќе. Сигурно не сакате да го бркате партнерот кога шетате бидејќи оди многу побрзо од вас.

11. Доминантни лични особини

11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас

Според класичната теорија на личноста, сите ние имаме внатрешен возрасен, дете и родител, а една од овие особини е најистакната. Децата се понаивни, а родителите се премногу грижливи. Поради тоа овие карактери совршено си одговараат. Па ако вашиот партнер се однесува како дете, сигурно сакате да го научите на нешто повеќе.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот партнер ви е и најдобар пријател.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар