11 фрази кои ги користат само децата што страдаат од нарушување на анксиозноста
Кога некој се справува со анксиозност, може да биде навистина тешко да се забележат симптомите. Ова особено важи ако личноста која страда е дете. Статистиката покажува дека околу 25% од децата на возраст од 13 до 18 години кои страдале од анксиозност не ја третирале. Поради ова, тие страдаат од анксиозност и кога ќе бидат возрасни. Добрите вести се што постојат неколку фрази кои ги користат децата кога се чувствуваат анксиозно.
Чувството на анксиозност е слично како и кај возрасните. Променливо расположение, замор, нервоза и срамежливост се само некои од чувствата. Но, за разлика од возрасните, децата не знаат како да се справа со анксиозноста. Бидејќи се премногу млади, останува на возрасните да обрнуваат внимание на следниве фрази со цел навреме да им помогнат.
1. „Што не е во ред со мене?“
Нормално е детето понекогаш да се сомнева во себе, но не постојано. Ако забележите дека вашето дете постојано го прави ова, време е да побарате и други знаци на анксиозност.
2. „Премногу сум уморен/уморна“
Најчесто децата се полни со енергија и се многу активни. Ако вашето дете ви вели дека е уморно кога му викате да си игра, можно е да нема енергија од проблеми со анксиозноста. Одењето на училиште и обидувањето да се избегнат децата кои малтретираат може да биде навистина напорно, особено ако детето знае дека ќе се плаши и кога ќе стигне дома. Од сите фрази, оваа се користи најчесто.
3. „Не ме терај да одам/да го правам тоа“
Ако вашето дете постојано ви го кажува во ова одредени ситуации, можеби настанот го прави анксиозно. Училиштето е совршен пример. Ако вашето дете не сака да оди на училиште, не мора да значи дека причината се предметите.
4. „Извини“
Извинувањето, кога има потреба од него, е учтиво. Но ако вашето дете постојано се извинува, ова може да биде знак за проблем. Претераното извинување често е знак за несигурност и нервоза поради мислењето дека направиле нешто погрешно. Ова особено важи за децата кои се учени уште од малечки дека ќе ги казнуваат за лошото однесување.
5. „Сакам да останам дома“
Ако вашето дете страда од анксиозност, може да ви вели дека сака да остане дома. Причината е тоа што повеќе му одговара позната средина која е тивка. Кога се на познато место, помали се шансите да чувствуваат симптоми на анксиозност.
6. „Не сакам да го направам тоа“
Ако забележите дека вашето дете избегнува и најмала интеракција, можно е да страда од социјална анксиозност. Анксиозноста ги тера луѓето да се чувствуваат уморно од другите, па затоа повеќе сакаат да останат сами. Децата не знаат како да го искажат ова, па често кажуваат дека не сакаат да одат или да направат нешто.
7. „Може ли да си одиме?“
Одењето на забава додека страдате од анксиозност може да биде навистина тешко. Децата обично се присилени да одат и уште веднаш прашуваат кога може да си одат дома. Возрасните обично ја прикриваат анксиозноста и остануваат, но децата немаат сила да го направат тоа.
8. „Те молам остани“
Нормално е детето да биде приврзано со неговите родители. Но, ако вашето дете ве моли да останете секој пат кога заминувате, може да има страв од разделување.
9. „Остави ја светилката во ходникот вклучена“
Едно нешто е да ви е страв од темнината, но нешто сосема друго е стравот од кошмарите. Ако вашето дете веќе има една вклучена светилка во собата, а сепак бара да оставите уште една, можно е да има страв од спиење.
10. „Моето тело е неудобно“
Кога станува збор за нивните тела, на децата не би требало да им е грижа како изгледаат. Но ако забележите дека вашето дете постојано се жали за неговото тело, може да станува збор за физичка и емоционална анксиозност.
11. „Не се чувствувам добро“
Кога детето ќе ви каже дека не му е добро, најчесто тоа е вистина. Но ако ви го кажува ова само во одредени ситуации, нешто не е во ред. Повторно пример со училиште – ако забележите дека не се чувствува добро еднаш месечно, причината може да е страв од тестовите.
Погледнете кои се знаците на анксиозност и депресија кои се забележуваат уште кај новороденчињата.