11 фатални грешки што ги прават дури и луѓето кои водат здрав живот
6. Јадете суво овошје
Штетата или користа од сушеното овошје зависи од тоа каде е чувано. Производителите го преработуваат овошјето со хемиски супстанци пред да го сушат, а ова му го продолжува рокот на траење. Сувото овошје е добро само ако го подготвите самите.
7. Купувате јајца со кафеава лушпа
Постои мит дека јајцата со кафеава лушпа се поздрави. Бојата и големината на јајцата зависат од видот на кокошката, додека бојата на жолчката покажува што јадела кокошката. Главното правило за одбирање јајца е условите во кои биле чувани и нивниот изглед. Најдобри се чистите јајца, без пукнатини кои се складирани во фрижидер.
8. Пиете спортски пијалаци
Поради тесната врска помеѓу спортот и здравиот живот, многумина сметаат дека спортскиот начин на исхрана е здрав. Но овие пијалаци содржат шеќер, пченкарен сируп и вештачки адитиви. Производителите ги рекламираат како одлични пијалаци за време на тренинг, но тие само ја намалуваат вашата ефикасност и не ја гасат жедта.
9. Купувате увезени производи
Многу луѓе сметаат дека увезените производи се подобри од локалните. Понекогаш ова е вистина, но не секогаш. На пример многу е поздраво да консумирате сезонски локални продукти наместо увезени. Јаболкото одгледано во близина содржи повеќе корисни елементи за разлика од егзотичното овошје од друга држава кое е преработено за да го издржи долгото патување. Кога купувате увезени продукти обрнете внимание на составот, датумот на складирање, производителот и увозникот.
10. Купувате гранола
Покрај хранливи влакна и железо, гранолата е полна со шеќер и многу масло. Некои продавници продаваат гранола со малку штетни состојки, па важно е да ги разгледате пред да купите. Во овој случај важи правилото дека најздрава е храната што самите ќе ја приготвите.
11. Го ограничувате количеството храна, но заборавате на калориите
Разликата помеѓу варено и пржено јајце се цели 66 калории. Ако изедете две варени јајца ќе внесете 188 калории, што е речиси исто како едно пржено.
Погледнете ги и правилата за поздрава исхрана во 2018-та година.