11 фатални грешки што ги прават дури и луѓето кои водат здрав живот

11 фатални грешки што ги прават дури и луѓето кои водат здрав живот

Кога луѓето сакаат да го подобрат нивниот животен стил, често не можат да ја постигнат нивната цел. Можеби причината е во нивната самодоверба. Но кога ќе разгледате подобро ќе сфатите дека нашето знаење за здравите продукти е лажно. Погледнете ги 11-те најпопуларни митови за здравата исхрана.

1. Купувате органски производи

11 фатални грешки што ги прават дури и луѓето кои водат здрав живот

Иако се верува дека органските производи се поздрави, нема научен доказ за ова. Кога ги одгледуваат, фармерите не користат синтетички пестициди, туку употребуваат природни, а нивните несакани ефекти не се истражени. Покрај тоа ознаките „Еко“ или „Природно“ не значат дека станува збор за поздрава храна. Понекогаш станува збор за маркетиншки трик.

2. Преферирате продукти без глутен

11 фатални грешки што ги прават дури и луѓето кои водат здрав живот

Неодамна продуктите со глутен почнаа да се сметаат за нездрави. Навистина постојат луѓе кои се алергични на глутен, но тоа е само 1% од населението. Во другите случаи нема научни докази кои покажуваат дека држењето настрана од глутен ќе ви го подобри здравјето. Всушност, избегнувањето на глутенот може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести.

3. Купувате продукти со ниска масленост

11 фатални грешки што ги прават дури и луѓето кои водат здрав живот

Многу луѓе не сфаќаат дека кога е намалена масленоста на продуктот, се додаваат други состојки за да се подобри вкусот. Овде спаѓаат шеќер, вкусови, стабилизатори и транс маст кои се лоши за вашето здравје. Продуктите со нормална масленост се неопходни за здрава и урамнотежена исхрана.

4. Пиете овошни сокови

11 фатални грешки што ги прават дури и луѓето кои водат здрав живот

Овошните сокови имаат многу шеќер, а истовремено немаат хранливи влакна. Ова може да ви го зголеми апетитот и да ве здебели. Соковите не ја задоволуваат ни жедта, ни гладот. Наместо тоа подобро да консумирате свежо овошје.

5. Јадете енергетски плочки

11 фатални грешки што ги прават дури и луѓето кои водат здрав живот

Овие плочки се добри како брз оброк, но дали се навистина здрави? Повеќето од нив содржат шеќер, чоколадо, карамела, вештачки вкусови и други адитиви. Кога станува збор за калориите и шеќерот, исти се како и обичните слатки.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар