11 екстремно чудни навики на успешните луѓе
Доколку сакате да бидете успешни, многу е важно да имате свои ритуали и навики. Треба да си поставите точно определени цели кои ќе ги расчлените на помали задачи и полека ќе почнете да ги остварувате. На пример, доколку сакате да напредувате во кариерата, размислете што треба да направите за да го постигнете тоа. Потоа, секој ден правете по нешто што полека ќе ве води кон целта. Одвојте време за да прочитате нешто, да го надградите вашето CV или да напишете 5 страници од вашата книга што порано или подоцна ќе ве одведе до крајната цел.
Но, доколку сакате да излезете од секојдневната монотонија и да станете покреативни, мора да стекнете неколку „чудни“ навики. Во продолжение прочитајте кои се чудните навики на успешните луѓе…
1. Преправајте се дека е ден на спротивности
Доколку сте заглавиле во рутина, преправајте се дека е ден на спротивности и целосно променете го вашиот распоред. Јадете десерт за појадок, истуширајте се наутро наместо навечер или отидете по друг пат на работа. Дури и пишувањето со недоминантната рака ќе ви помогне да ги прекршите здодевните правила. Звучи едноставно, но може да ви направи огромна разлика во животот.
2. Секогаш бидете подготвени со огромен ранец
Секако дека не треба да си го повредите рамото со тоа што ќе носите претешка чанта, но мора да ги имате сите важни работи при рака за денот да ви биде успешен. Успешните луѓе постојано одат напред во текот на целиот ден, без разлика каде ќе ги одведе тоа. Спакувајте си грицки, материјал за читање или работа, опрема за вежбање, па дури и деловна облека во случај на ненадеен состанок. Успешните луѓе трошат помалку време и ги користат можностите за кои другите луѓе не се подготвени.
3. Разговарајте сами со себе
На почеток можеби ќе ви биде чудно, но разговорот сами со себе може да ви донесе неколку значајни придобивки. На тој начин вие вежбате ментална дисциплина. Не само што тоа ќе ви помогне да се смирите и да ги решите проблемите туку и ќе ви помогне појасно да ги обработувате мислите што ви поминуваат низ глава. Слободно направете си муабет!
4. Истуширајте се со ладна вода
За да се расоните пред напорниот ден, истуширајте се со ладна вода. На тој начин вие ќе ги разбудите телото и умот и ќе ја добиете потребната енергија. По туширањето, со сигурност ќе бидете доволно свежи за да се соочите со сите предизвици што ќе ви се најдат на патот во текот на денот.
5. Охрабрете се и гледајте се во огледало
Ако веќе се обидовте да разговарате со себе, преземете го следниот чекор и правете го тоа додека се гледате во огледало. Успешните луѓе се охрабруваат гледајќи се во огледало. Ова можеби ќе ви биде уште почудно, но ако си кажувате позитивни афирмации и се гледате во очи, ќе забележите значително подобрување во вашиот живот. Кога ќе си велите нешто доволно често, ќе почнете да верувате тоа. Почнете да ги рецитирате вашите цели и гледајте како тие полека се остваруваат.
6. Појадувајте со непознат човек
Тоа не значи дека треба да седнете на туѓа маса во ресторан, но треба да се обидете да излезете од вашата удобна зона. Ако секој ден појадувате со непознати луѓе, ќе ги подобрите вашите комуникативни вештини и ќе можете да се поврзете со сите околу вас. Звучи страшно, но вреди да се обидете.
7. Измислувајте креативни приказни пред работа
Секое утро одвојувајте по малку време за да измислувате приказни за предметите што ги има во вашиот дом. Одберете 3 работи од вашата соба и смислете приказна што ќе ги поврзе тие предмети. Оваа креативна вежба ќе ви помогне во работата. Освен тоа, звучи прилично забавно, се согласувате?
8. Обрнувајте големо внимание на вашето кафе
Честопати се вели дека луѓето треба да бидат повнимателни и да забележуваат детали, но понекогаш тоа не оди толку лесно. Сепак, можете да го направите тоа со помош на вашето утринско кафе. Додека ја држите напивката, употребете ги вашите сетила за да дознаете што е можно повеќе работи за неа како што се температурата, вкусот, мирисот, текстурата и слично. Ова ќе ви помогне да бидете фокусирани во моментот што ги намалува анксиозноста и тагата. На овој начин ќе бидете присутни во сегашноста и подготвени за претстојниот ден.
9. Сменете го вашето држење
Не можете да бидете успешни доколку имате лошо држење, така што обидете се секогаш да стоите исправени. Кога вашиот говор на тело ќе покаже дека сте самоуверена, силна и моќна личност, вашиот ум ќе почне да ја отсликува истата самодоверба. Повлечете ги рамената наназад, исправете се и веднаш ќе забележите голема разлика во вашиот живот.
10. Направете си релаксирачки ритуал на крајот од денот
Успешните луѓе си ги завршуваат обврските, но исто така знаат кога е време за одмор и релаксација. Најдобро можете да го направите ова со завршен ритуал на крајот од денот. На пример, можете да ја соблечете работната униформа и да си кажете „Што се случува на работа, останува на работа“. Исто така, можете да се истуширате после работа и да си замислите како водата го мие сиот ваш стрес.
11. Заспивајте додека слушате некакви интересни разговори и документарци на различни теми
За да си ги зголемите шансите за успех, почнете да слушате интересни работи додека спиете. Доколку слушате информации на одредена тема само 15 минути дневно, ќе можете да станете експерти од таа област за некое време.
Секако дека успехот си бара многу работа и труд. Но, доколку ги вметнете овие чудни навики во вашата секојдневна рутина, не постои сомнеж дека ќе си ги зголемите шансите за постигнување на вашите цели.
Во продолжение дознајте ја разликата помеѓу успешните и неуспешните луѓе.