11 брутално искрени фази на партнерите што имаат врска без обврски, а се дел од исто друштво

11 брутално искрени фази на партнерите што имаат врска без обврски, а се дел од исто друштво

Да имате момче со коешто редовно се гледате, особено кога не сте во потрага по нешто сериозно, може да биде одлично искуство. Меѓутоа, и покрај тоа што звучи како одличен лабав „аранжман“ за инволвираните страни, понекогаш може да биде многу тешко да се најде соодветен партнер за вакво нешто. Поради тоа, многу често се случува да завршат заедно, луѓе коишто се знаат долго време и се дел од исто друштво. Предноста е, што веќе се познавате, помеѓу вас има симпатии, но тоа што сте од исто друштво, може да биде малку проблематично. Емоциите можат многу брзо да станат комплицирани и никој не знае што ќе се случи со друштвото, ако вашата врска без обврски, не успее.

11 брутално искрени фази на партнерите што имаат врска без обврски, а се дел од исто друштво

Пријателствата се комплицирани, а сексот уште повеќе ги комплицира работите. Тоа не значи дека никогаш не треба да се обидете да имате нешто повеќе со пријател, бидејќи не се знае однапред што прекрасно може да произлезе од тоа, но бидете сигурни дека знаете во што се впуштате и со кого. Ако не сте сигурни како ќе биде, тогаш веројатно ќе поминете барем во неколку од овие брутално искрени фази:

1. Имате само пријателски однос и ништо повеќе од тоа

Тоа е тоа, вам официјално ви е доста од започнување љубовни врски. Сите мажи со коишто сте пробале нешто, испаднале ужасни и едноставно кревате раце од идејата за нешто сериозно. Меѓутоа, вие сè уште имате потреби, така? Кога би можеле да најдете некој стабилен партнер, со којшто ќе имате секс без обврски, а истовремено ви се допаѓа и го почитувате како личност. Почнувате да размислувате дали веќе имате таков пријател во вашето друштво. Тој делува кул, на некој начин ви е сладок, ама сепак не! Вие сте само пријатели и ништо повеќе од тоа, така?

2. Сметате дека е привлечен, ама сепак тоа не е добра идеја

Во ред е, веќе сте сигурни дека многу ве привлекува, но сепак тој не е опција за вас. Оваа личност е ваш пријател и дел од вашето блиско друштво, па ако сте интимни со него, може целата дружба да стане чудна и непријатна. Но, кога подобро ќе размислите, идејата да видите како изгледа гол, не е најлошото нешто што може да се случи. Исто така, малку флертување нема да направи штета никому, така?!

3. Излезени сте, пиете алкохол, па можеби треба да се случи нешто повеќе?

Излезени сте некаде со вашето друштво и неколку пијачки подоцна, момчето коешто го меркате веќе некое време, изгледа уште пожешко од претходно. Згора на тоа, тој исто така флертува со вас. Без разлика, сè уште мислите дека лоша идеја е да се случи нешто меѓу вас. Ама може и не е така лоша идеја?! Двајцата сте возрасни, зрели личности, не е само до алкохолот, туку чувството е заедничко. Ама не, сепак не е добра идејата. Сепак морате да мислите како сето тоа би влијаело на целото ваше друштво.

4. Флертувањето преминува во бакнување

Опаа, за кое друштво и какви последици правевме муабет? Сега флертувањето премина во страсно бакнување. Дали е чудно што сето ова многу ви се допаѓа? Сепак, тоа е само бакнеж и од сето тоа може да остане само оваа случајна, луда ноќ, во којашто сте испиле малку повеќе и сте правеле глупости. Ама сепак, се чувствувате премногу добро додека го правите ова.

5. Завршувате „по грешка“ во неговиот стан

Се прашувате како воопшто завршивте кај него? Ах, да, започнавте со бакнување. И двајцата знаете дека нагло преминувате во фаза, од која нема враќање назад. Се договарате дека нема ништо необично во ова што се случува, бидејќи и двајцата сте возрасни личности и можете да се справите со што и да се случува понатака. Вака започна вашата врска без обврски и двајцата се чувствувате супер во врска со оваа одлука. Сепак, откако се разделивте, почнавте да се сомневате дали е сето ова добра идеја, но свесни сте дека самиот секс беше одличен и се договоривте дека ова нема да донесе никакви лоши последици.

6. Се сретнувате со цело ваше друштво првпат после сексот

Се чувствувате чудно, дефинитивно не ви е пријатно ни на двајцата. Вашите пријатели се повторно на куп, си се дружат како и вообичаено, ама сега вие и „пријателот“ делите заедничка тајна. Тајна во којашто и двајцата бевте сосема голи. Прашањето е, дали сакате да вратите сè како што било претходно или можеби сакате повторно да се обидете. Си мислите дека вторава опција е дефинитивно лоша идеја, па си викате дека ова беше само секс за една вечер и ништо повеќе.

7. Зошто сте пак во неговиот стан? И овој пат по грешка завршивте заедно?

После сето размислување, пак сте таму, во неговиот дом и страсно му ги соблекувате пантолоните. Очигледно, ова не било само за една вечер! Не знаете што точно е, ама и на двајцата ви се допаѓа тоа што го правите, па оставате работите сами да си течат по природен пат и што ќе се случи – нека се случи!

8. Сè се одвива одлично, ама сè уште ја криете големата тајна од другарите

Сега и на двајцата ви е јасно дека има нешто повеќе меѓу вас, па редно време да поставите некакви основни правила. Сега за сега, никој од вашето друштво не смее да знае дека се гледате, а можеби и никогаш не треба тие да дознаат. Реалноста е дека вашата заедничка тајна, прави вашиот однос да биде уште пожежок. Се обидувате да се однесувате нормално како и претходно, но вашите пријатели започнуваат да се сомневаат дека има нешто што не знаат за вас двајца.

9. Вашите пријатели ја дознаваат вистината за вас

Вашата голема, секси тајна во оваа фаза, е разоткриена! Сите ваши пријатели имаат свое мислење околу тоа што го правите и тоа само дополнително ве збунува. Некои ваши пријатели се очигледно возбудени за тоа што го правите, а вас ве фаќа страв дека тие ќе имаат преголеми очекувања, за нешто од коешто потенцијално може да не испадне ништо. Други пријатели пак, се по малку скептични и не го одобруваат вашиот лабав однос, па вие и партнерот, се чувствувате лошо бидејќи немате поддршка од блиските. Во оваа фаза, не само што почнувате да се сомневате во тоа што го правите, туку почнувате да се сомневате и во вашите пријатели, што уште повеќе ги комплицира работите.

10. Официјално сте во криза и не знаете што понатаму

Океј, целото ваше друштво официјално знае дека сте пријатели за секс, па сега во главата почнуваат да ви се вртат разни прашања од типот: „Дали ќе остане засекогаш вака? Дали кај некој од вас ќе се развијат чувства или ќе останете во кежуал врска? Што ако вие сакате од ова да произлезе сериозна љубовна врска? Што ако тој го посака тоа? Што ако тој не сака и продолжи да се гледа со други девојки? Дали ќе имате право да се лутите околу тоа? Што значи сево ова?“ Почнувате премногу да паничите. По сè изгледа, вашето лабаво, случајно гледање, полека се претвора во сериозна ситуација, поради која ќе мора да следува сериозен разговор околу иднината.

11. Правите сериозен муабет и одлучувате што понатаму

Разговаравте и беше премногу чудно. Но, да бидеме реални, вие не сте единствените личности на коишто ова влијае некако. И вашите пријатели имаат некакво право на глас во сето ова, па доколку сакате да ја задржите вашата екипа, ќе мора реално да размислите што сакате да произлезе од вас двајца. Тоа значи дека, без разлика дали ќе одлучите да прекинете, да терате без обврски или да започнете вистинска врска, сега е време да ја донесете таа одлука и да ја спречите колатералната штета којашто може да настане во иднина, ако нештата не се јасно дефинирани.

 

Прочитајте ги и овие 7 знаци кои покажуваат дека е време да ја прекинете врската со вашиот пријател со бенефиции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар