100 кратки совети за убавина кои го издржале тестот на времето - Part 4

100 кратки совети за убавина кои го издржале тестот на времето

Усни

(18)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • За бојата на каминот да трае подолго, прво нанесете го него, а потоа додајте пудра во прав на усните преку хартиено марамче.
  • За да го олесните преминот од дневен во вечерен изглед, едноставно нанесете потемен кармин.
  • Ако нанесете сенка за очи со слична боја врз карминот, тој ќе трае подолго.
  • Масирајте ги усните одвреме-навреме за да ја подобрите циркулацијата на крвта.
  • Користете светло моливче за усни за да додадете волумен.

(19)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • За да не ви се скрши моливчето додека го острите, чувајте го во фрижидер.
  • Насмејте се кога го нанесувате карминот – на овој начин ќе знаете дали сте го покриле секој дел од устата.
  • За да го спречите разлевањето на карминот, нанесете пудра околу контурите на устата.
  • Секојдневно навлажнувајте ги усните.

Нокти

(20)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • Најдобро е со лакирање да почнете од најмалиот прст. На овој начин го нема ризикот од допирање на лакираните нокти.
  • За брзо отстранување на лакот, нанесете ацетон на памукче и држете го 5-10 секунди на нокотот пред да го отстраните.
  • Лепенките за нокти се секогаш одлични.

(21)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • За побрзо сушење на лакот, ставете ги рацете во студена вода веднаш после лакирањето.
  • Направете си сопствена боја на лак за нокти мешајќи сенка за очи со некој лак.
  • За брзо отстранување на лакот со светки, нанесете ацетон на памукче, притиснете го на нокотот и замотајте го прстот во алуминиумска фолија. За неколку минути лакот ќе биде отстранет.

(22)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • Пред да го нанесете лакот, ставете малку маслиново масло на кутикулите. На овој начин полесно ќе го отстраните лакот кој завршил на прстите.
  • Средувајте ги ноктите еднаш неделно.
  • Ако немате време за нов маникир, додајте малку светки и безбоен лак.

Нозе

(23)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • За да ги одморете нозете после долг ден, ставете ги во топла вода 3 минути, па 1 минута во ладна. Правете го ова 15 минути.
  • Старата крема за лице може да биде одлична за кожата на вашите нозе.
  • Користете ананас или лушпа од киви за да ги омекнете петите.
  • За да ги избегнете габичните инфекции на ноктите, чистете ги што е можно почесто. Не заборавајте да ја отстраните мртвата кожа, и сменете ги чорапите после вежбање или спортување.
  • Масажата на стапалата е одлична за замор и стрес. Користете ги двете раце за да ги масирате стапалата, почнувајќи од зглобовите кон прстите.

Насмевнете се!

(24)100-kratki-soveti-za-ubavina-koi-go-izdrzhale-testot-na-vremeto-kafepauza.mk

  • Ова е најважниот, најбрзиот и најефективниот трик кој ќе направи да изгледате одлично. Само насмевнете се и вашиот изглед веднаш ќе се трансформира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар