10 знаци што укажуваат дека вашиот партнер е подготвен за долга врска

10 знаци што укажуваат дека вашиот партнер е подготвен за долга врска

Дали сте во врска, но не сте сигурни дали партнерот има долгорочни планови со вас? Во продолжение проверете ги знаците што покажуваат дека тој навистина е материјал за долгорочна врска.

10 знаци што укажуваат дека вашиот партнер е подготвен за долга врска

1. Има милениче

Човек кој сака животни веројатно има своја чувствителна и мека страна. Кога мажот поседува домашно милениче, тоа значи дека тој е грижлив, одговорен и способен да се обврзи долгорочно. Ако тој му придава голема важност на времето поминато со неговото куче, тоа е добар знак кога станува збор за другите сопатници во неговиот живот. Домашното милениче честопати може да предизвика исто толку грижи како малото дете. Дали тој со трпеливост ги прави сите работи поврзани со миленичињата? Дали покажува љубов и приврзаност? Миленичиња овозможуваат од нас да излезе најдоброто.

2. Се однесува љубезно кон келнерите и кон другите луѓе

Ако вашето момче се однесува убаво кон другите, особено кон оние од услужните дејности, тоа покажува дека тој е личност која има почит. Ако го набљудувате долго време и тој секогаш е љубезен кон сите, тоа е одличен показател дека е подготвен за сериозна врска.

3. Зборувате за безбеден секс

Ако двајцата можете да водите отворен и искрен разговор за безбеден секс, тоа значи дека тој ја презема одговорноста за сопственото здравје и за здравјето на другите. Исто така, треба да можете да му кажете ако сексот е болен.

Ако тој не сака да зборува за тие теми, можеби не е подготвен за врска и тоа може да биде проблем затоа што многу е важно да можете да разговарате опуштено за сексот пред да започнете да го практикувате.

4. Сака да ги запознае вашите родители

Некои мажи ги заплашува самата помисла да ги запознаат вашите родители. Но, ако тој ве гледа во својата иднина, ќе покаже искрен интерес и ентузијазам за средба и за поминување време со нив. Кога вашиот партнер ѝ дава приоритет на средбата со родителите, тој исто така ѝ дава приоритет на вашата врска. Неговата желба да се запознае со вашите родители значи дека размислува за траен однос со вас и е заинтересиран да ја зацврсти врската што ја имате.

5. Разговара со вашите пријатели

Тој ги цени вашите пријатели и пријателки и ги почитува како луѓе. Знае дека тие се поединци кои се важен дел од вашиот живот и сака да ги запознае подобро. Тој се обидува да запознае различни аспекти од вашиот живот, па така и вашите пријатели. Возбуден е кога ќе научи за вас сè што може, вклучувајќи ги и пријателите околу вас. Кога е со вашите пријатели, тој се обидува да разговара со нив, да пронајде заеднички теми и да ги запознае.

6. Не е дел од вашите кошмари

Размислете за вашите соништа. Потсвеста може да ви понуди некакво значење за тоа што се случува во вашиот живот.

Ако вашето момче ви се појавува во сон, обрнете внимание на тоа дали тогаш се чувствувате позитивно или негативно. Ако во сонот вашето момче се однесува чудно, вашиот мозок веројатно реагира на недовербата во вашата врска. Но, кога сте во здрава врска, без драми, веројатно нема да имате такви негативни соништа за вашиот партнер.

7. Добро се справува со вас во оние денови кога сте во ПМС

За време на менструацијата, веројатно сте во лошо расположение и чувствувате надуеност и гадење. Неговата отвореност и прифаќањето на она низ што минувате, ви покажува како тој ќе се справува со подемите и со падовите до крајот на заедничкиот живот. Ако тој го сфати тоа лично, ќе добиете јасни знаци за предупредување. Не очекувајте да знае точно што да прави кога сте на ПМС, но ќе ви даде привремена пропусница за лудо однесување. Тој знае дека сето тоа ќе помине. Ако ви дава лекови за ублажување на грчевите или ве масира, чувајте го.

8. Свој е

Вашиот маж нема повеќе карактери. Тој не се однесува на еден начин пред вашите родители, на друг кога сте со пријателите, на трет кога е со вас. Обрнете внимание на неговото непостојано однесување или расположение. Ако ве третира одлично кога сте пред другите, но е различен во приватноста или има сериозни промени во расположението, тоа не е некој со кого сакате да останете во врска. Наместо тоа, вашиот партнер секогаш треба да биде доследен бидејќи тоа е добар показател дека ќе биде истата личност со години.

9. Бевте разделени и врската напредуваше

Здрава врска е онаа во која сакате да бидете заедно, но можете да преживеете дури и ако сте разделени. Можете да го живеете животот кога ве делат километрите и сè уште растете како пар. Но, ако ви се чини како партнерот да не сака да остане во контакт, тој веројатно ќе се сврти кон некоја личност што е во близина и тоа подоцна може да се претвори во афера. Но, запомнете, добро е ако не сте во постојан контакт и ако имате малку простор за себе. Ако тој не ви пишува 24 часа на ден и сака да си поминете убаво, ќе знаете дека тој повеќе се грижи за вашата среќа отколку за неговата контрола врз вас и врз вашиот распоред.

10. Ја планирате иднината

Дали планирате заеднички годишен одмор? Тоа е добар знак дека тој е заинтересиран за долготрајна врска. Ако ве покани на роденденската забава на неговиот внук која е за три месеци или на свадбата што ќе биде по шест месеци, тоа значи дека тој планира да биде со вас кога ќе се случат тие настани.

Прочитајте кои 10 постапки откриваат дека партнерот се грижи за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар