10 знаци кои покажуваат дека вашето тело е полно со токсини
Токсините се наоѓаат насекаде околу нас – во воздухот што го дишеме, во храната што ја јадеме, во водата што ја пиеме. Дури и вашиот смартфон е полн со доволно бактерии за да ве разболи. Токсините секојдневно се акумулираат во нашето тело и понекогаш постигнуваат толку голема бројка, што почнуваат да влијаат на вашето здравје. Кога е време за детоксикација, вашето тело ќе ги покаже следниве симптоми.
1. Страдате од констипација
Кога јадеме храна, со неа консумираме многу хемикалии како презервативи, вештачки бои и вештачки вкусови. За време на дигестијата, цревата треба да се справат со овие токсини. Насобирањето на токсините може да предизвика проблеми со стомакот и констипација. Јадењето органска храна, намалувањето на алкохол и пиењето многу вода може да помогне со овој проблем.
2. „Замаглен“ мозок
Доколку чувствувате вртоглавица, збунетост и не можете да се фокусирате дури и после добро спиење, можеби имате проблем со токсините. Овие токсини создаваат серија реакции кои ги „сушат“ витамините и минералите коишто му се потребни на телото. Ова е слично како кога ќе ставите лошо масло во вашиот автомобил.
3. Дезодорансите не ви помагаат и го чувствувате мирисот на вашата пот
Сте се истуширале, сте нанеле дезодоранс, но луѓето сепак се муртат кога ќе застанете до нив. Токсините можат да го влошат и мирисот на вашето тело. Кога се дигестираат, тие предизвикуваат гасови и миризби кои се ослободуваат од порите на телото, правејќи го да мириса лошо.
4. Болки во мускулите и зглобовите
Доколку не сте претерале во теретаната или не сте работеле некоја напорна физичка работа, но сепак имате болки во мускулите и зглобовите, причината најверојатно се наталожените токсини. Болките во телото се показатели дека имате непроверено воспаление во телото, па доколку нема друга причина за него, пробајте детоксикација.
5. Ви се појавуваат нови дамки на кожата
Кожата е најголемиот орган на нашите тела и често е изложена на загадување. Исто така, продуктите како шампони, регенератори, сапуни и лосиони можат да содржат штетни хемикалии. Изложувањето на толку многу токсични хемикалии може да предизвика симптоми како акни, осипи и егзема.
Продолжува на следната страница…