10 знаци кои покажуваат дека сами си ги создавате проблемите со парите
6. Не сте подготвени за финансиска криза
Ако немате зачувано пари за итни случаи, голема е веројатноста да западнете во финансиска криза. Најдобро е секој месец да одвојувате мала сума која ќе ја чувате за итни случаи. Ова ќе ви помогне да излезете од некои ситуации без да земате кредити и да ги зголемувате долговите.
7. Ги обвинувате другите за вашите долгови
Освен ако не сте биле жртва на кражба, вие сте единствените виновници за вашиот долг. Престанете да ги обвинувате другите и преземете одговорност. Бесот нема да ви помогне побрзо да ги платите сметките. Наместо да обвинувате некого, најдете начин како да ги расчистите долговите. Редовно плаќајте ги сметките, и редовно проверувајте ги извештаите од картичките во случај да настанала грешка.
8. Не чувате пари за во пензија
Важно е да мислите и на вашата иднина, не само на сегашниот финансиски комфор. Вие ќе бидете вашиот најлош непријател ако не почнете со штедење. Немојте да се лажете дека имате време, бидејќи колку покасно ќе почнете, толку потешко ќе ви биде да штедите.
9. Не знаете ништо за вашите финансии
Немате изговор за да не ги разбирате основните работи за справување со финансиските средства. Постојат безброј книги, семинари и информации на Интернет кои ќе ви помогнат во ова. Одвојте време да научите нешто за штедењето, инвестирањето и планирањето на вашите пари.
10. Немате финансиска самоконтрола
Ова е една од најчестите причини за „заглавување“. Ако имате проблем со трошењето, престанете да ги користите картичките и купувајте само со кеш. Во зависност од сериозноста на вашата навика, можеби ќе биде добро и да разговарате со некој кој ќе ви помогне да се справите со проблемот со трошење.