10 знаци кои ќе ви откријат дека покрај себе имате совршена девојка
Момците секогаш велат дека ја барат девојката од нивните соништа. Нормално дека сликата за оваа девојка кај секого е различна, но ако сметате дека сте ја пронашле совршената партнерка за вас, овие 10 знаци ќе ви го потврдат тоа и ќе ги срушат сите ваши сомнежи.
1. Личен простор
Проверете да не е вашата девојка премногу посесивна со што ќе го загрози вашето слободно време. Внимавајте дали постојано ве проверува на социјалните мрежи. Доколку е посесивна, постојано ќе се сомнева во вас и ќе ги бара сите ваши лозинки. Љубовта е убава, но не треба да ѝ се посветите 24 часа. Вие имате право да си посветите време на самите себеси, а вистинската ќе го разбере тоа без никаков проблем.
2. Се чувствува пријатно во сопствената кожа
Девојката која сте ја избрале треба да биде полна со самодоверба и да се прифаќа себеси таква каква што е. Таа не треба да има лажен карактер. Покрај љубовта, за успешна врска потребна е и довербата. Доколку постои разбирање, без разлика колку пријатели имате, вашата љубов секогаш ќе биде во центарот на вашиот живот.
3. Нејзиниот однос со вашите пријатели и семејството
Девојката треба да го сака вашето семејство исто колку и нејзиното, бидејќи постои можност тие навистина да станат нејзино семејство еден ден. Истото важи и за пријателите. Еден ден тоа ќе бидат луѓето кои ќе ви доаѓаат на гости во вашиот заеднички дом и со кои ќе ги споделувате најсреќните моменти.
4. Без оглед на сè, постојано ви е во мислите
Кога ќе забележите дека каде и да сте и што и да се случува, таа и понатаму е личноста која ви значи, знајте дека тоа е првиот знак кој ви кажува дека треба да остварите нешто повеќе со девојката на вашиот живот. Луѓето се менуваат, не изгледаат секогаш убаво, се здебелуваат, ослабуваат, го менуваат стилот… Но, доколку и понатаму таа за вас е најубава на светот, тоа значи дека вашите чувства кон неа се вистински и искрени и подготвени сте секогаш да бидете покрај неа.
5. Не поднесува да слуша лоши зборови за вас
Совршената девојка секогаш ќе биде на ваша страна, дури и кога грешите. Секогаш ќе биде тука за вас и никогаш нема да зборува лошо за вас пред другите. Можеби ќе ве критикува на само, но никогаш нема да го направи тоа јавно ниту, пак, ќе дозволи некој друг да го направи тоа.
6. Нема тајни
Вашата партнерка првенствено треба да биде вашиот најверен пријател, а дури потоа ваша љубовница. Таа треба да биде некој со кого ќе можете да ги споделите сите ваши размислувања, колку и да биле тие бесмислени и смешни. Секогаш ќе ве сослуша и ќе ве посоветува.
7. Знае колку вредите
Вашите проблеми, грижи и тешкотии ќе ја погодуваат и неа, затоа што таа многу добро знае кој сте и колку вредите. Таа ќе ги почитува вашите ставови и покрај тоа што се поразлични од нејзините. Нејзиниот совет секогаш ќе биде релевантен. Можеби понекогаш ќе ве задева, но кога ќе се соочите со некој тежок момент во животот повеќе нема да бидете мета на нејзините шеги затоа што таа цврсто ќе стои до вас.
8. Знае да се прилагоди на вашите потреби
Флексибилна е во секоја ситуација и пријатно ви е кога сте еден покрај друг. И двајцата сте секогаш подготвени да направите компромис и никој не мора да се жртвува постојано за врската. Таа не ги гледа вашите маани и недостатоци, туку се труди да го извлече најдоброто од вас.
9. Ве успокојува
Таа е вашиот ангел кој прави да се чувствувате среќни секогаш кога ќе ја погледнете. Нејзината прегратка е вашата оаза на мирот и вашето засолниште кога животот ве гази. Таа во вас буди среќа и спокој.
10. Секогаш е позитивна
Нормално е сите да имаме лоши денови, но таа не е мрачна личност која постојано се жали. Кога ќе доживее неуспех, брзо се враќа на нозе и има позитивен поглед кон светот. Благодарение на нејзиниот оптимизам, таа е способна да ги реши и најголемите проблеми во животот.