10 знаци дека вие сте неговиот непребол

10 знаци дека вие сте неговиот непребол

На некои момци им се случува да ја запознаат вистинската девојка за нив, но од некоја причина успеваат да ја уништат врската и потоа цел живот го поминуваат во мислење и жалење по неа. Ако се сомневате дека можеби вашиот поранешен партнер не може да ве преболи, ова се неколкуте знаци кои дефинитивно ќе ви го потврдат сомнежот…

10 знаци дека вие сте неговиот непребол

1. Откако се смириле страстите меѓу вас, тој повторно ве додал за пријател на социјалните мрежи

Постојат повеќе причини да се остане што подалеку од поранешниот партнер по раскинувањето. На тој начин ќе се поштедите себеси од искушението да го контактирате по неколку испиени чашки или да поминете часови гледајќи каков е неговиот живот по раскинувањето. Едноставно нема да имате потсетник дека таа личност воопшто постои. Доколку сè уште ве има за пријател на Фејсбук, тоа може да значи две работи: Раскинувањето се одвило на пријателски начин и навистина не му е гајле дали ве има или не, или смета дека вреди да страда бидејќи попрво би одбрал засекогаш да се сеќава на вас, без разлика колку боли. Ова е романтично или патетично, што мислите? Ако сметате дека е романтично, веројатно и вие сè уште имате чувства за него. Но, доколку сметате дека е тажно, дефинитивно го имате преболено.

2. Дознавате од познајници дека секогаш прашува за вас

Нема храброст директно да ви се јави и да ве праша, а знае дека ако праша некој ваш пријател тоа секако ќе стигне до вас. Тој немаше да се интересира за вас ако не му било гајле и ако не сакал да знаете дека сè уште се грижи.

3. Немал сериозна врска по вас

Постои можност да е само пребирлив, но можно е и да не може да најде некој кој би можел да ве замени. Бесцелно преминува од една на друга личност, барајќи нешто што не чини кај секоја потенцијална девојка бидејќи таа не е како вас. Можеби и имал некои посериозни врски кои прекинале бидејќи во срцето сè уште чувал место за вас. Тој внимава да не се впушти во нешто премногу сериозно, за да биде достапен во случај да постои можност повторно да се смирите. Загрижен е дека ако најде сериозна девојка, нема повеќе да го сметате за можна „опција“.

4. Ви пишал под дејство на алкохол (и потоа го одрекол тоа)

Ако ви признае дека ви пишал, тоа значи дека тој навистина бил многу пијан и не знаел што прави. Но, ако измисли некој глупав изговор како: „Другар ми ти пиша, сакаше да се шегува со мене“, тогаш под површината се кријат многу подлабоки чувства. Можно е навистина пријателите да му се за никаде, но шансите за тоа се многу мали.

5. Сè уште флертува со вас

Овој знак е очигледен, но може да значи повеќе работи. Прва работа, ова укажува дека тој дефинитивно би имал пак секс со вас, но каде што има чад има и оган. Постои можност тој да се надева дека флертувањето ќе води кон секс, а сексот кон разгорување на пламенот помеѓу вас двајца.

10 знаци дека вие сте неговиот непребол

6. Сè уште контактира со вашата фамилија

Мора да признаете дека ова е малку чудно. Немојте да си велите дека вашата врска била комплицирана и никој не би можел да ја разбере. Ова изгледа како тој и вашите родители сè уште да се надеваат дека вие двајца сепак ќе завршите заедно.

7. Сè уште ви го честита роденденот

Верувајте дека самото тоа да се запамети нечиј роденден е тешка работа. Тоа што ви го памти роденденот и по раскинувањето е негов начин да ви каже дека сè уште мисли на вас, ама не се работи за ништо посебно, чисто онака, одвреме-навреме. На суптилен начин сака да ве потсети дека сè уште се грижи за вас.

8. Возбуден е кога ќе се сретнете случајно

Повеќето луѓе би избегале ако го видат нивниот поранешен партнер или барем би ги стиснале забите и со тешко срце би ги поминале тие непријатни минути бесмислено муабетење од куртоазија. Но, ако случајно се сретнете и тој ве гушне толку силно како сè уште да сте заедно, мора да му е многу драго што ве гледа. Дури и премногу.

9. Сè уште ги чува сите ваши подароци

Ако чува кошула или скап часовник, тоа не мора ништо да значи освен фактот дека станува збор за навистина убави подароци. Но, ако ги чува сите оние романтични, рачно напишани честитки за роденден или маичката со неговата омилена серија што сте ја нарачале специјално за него, може да се работи за нешто поголемо.

10. Сè уште сте означени на сите ваши стари фотографии

Ова може да значи дека е премногу мрзлив или дека едноставно заборавил, особено ако не придава многу значење на Фејсбук. Но ако сите ваши дигитални сеќавања се внимателно зачувани, сè уште ги нема избришано, ниту пак ја тргнал вашата ознака, тоа е уште еден доказ дека тој сака да се сеќава на вас. Тој смета дека она што сте го имале било доволно посебно за да биде зачувано на социјалните мрежи, а можеби дури и во вистинскиот живот.

Доколку ги забележите овие знаци, можете да бидете сигурни дека вашиот поранешен партнер сè уште има чувства за вас, а големи се шансите и сè уште да се надева дека вие двајца пак ќе бидете некогаш заедно. Во овој момент важно е да знаете што точно сакате за да не повредите нечии чувства. Ако и вие се чувствувате на истиот начин и сметате дека вреди да се проба уште еднаш, разговарајте и видете дали може да се спаси врската и повторно да се разгори стариот пламен. Но, ако сте сигурни дека сакате да продолжите понатаму, немојте да си играте со неговите чувства и да му давате лажна надеж. Кажете му го тоа отворено или избегнувајте секаков можен контакт. Дајте му шанса да ве заборави исто како што и вие сте го заборавиле него. Не бидете себични и не заборавајте дека секој има право на нов почеток.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар