10 знаци дека сте заглавени во врска без иднина, дури и ако навистина го сакате вашиот партнер
Сигурно не сакате да ги слушнете зборовите љубов и дисциплина во една реченица. Но ако ја знаете силата на вистинската љубов, не би сакале да ја уништите, а овде во игра влегува вашата дисциплина.
Потребна е дисциплина за да одберете партнер кој ќе ви ја понуди заслужената љубов, за да одберете партнер со кој можете заедно да созревате и за да ги преболите бившите партнери. Од голема важност е да не „заглавите“ во врска без иднина и да продолжите понатаму барајќи некој што може да ви го даде она што вие го нудите. Следниве 10 знаци се очигледен показател дека вашата врска, за жал, нема иднина.
1. Не сте во идните планови на партнерот
Секој има некаква замисла за тоа како сака да му изгледа иднината. Некој можеби сака да оди да патува, некој да отвори јога училиште, а некој да започне негов бизнис. Ако не можете да го замислите партнерот во вашата иднина, или ако не се наоѓате во неговата, јасно е дека вашата врска нема иднина и потребно е добро да размислите за врската.
2. Почесто сте спасител наместо партнер
Врската е партнерство помеѓу двајца еднакви луѓе. И двајцата даваат и добиваат исто љубов, поддршка и внимание. Но ако чувствувате дека само вие ги нудите овие нешта и повеќе сте како спасител наместо партнер, можеби треба да размислите за врската. Ако постојано се обидувате да го поправите или да го промените партнерот, ова е лош знак за вашата компатибилност. Јасно е дека не го сакате партнерот онаков каков што е. Можеби сакате да има различна кариера, да излегува повеќе, или сакате да биде поинтелектуален. Едноставно, не го сакате, туку ја сакате сликата за него или за неговиот потенцијал што се наоѓа во вашата глава.
Додека никој од нас не е совршен и треба да го поддржувате партнерот во созревањето, ако не го сакате онаков каков што е сега, едноставно не сте компатибилни и треба да продолжите понатаму.
3. Не постои доверба во врската
Довербата е најважниот фактор во силната и долга врска. Некои луѓе имаат проблеми со довербата поради минатите врски, или поради нешто што се случило во сегашната. Но сè додека не се реши проблемот со самодовербата, тој ќе ја саботира врската.
Ако сметате дека вие или вашиот партнер не си верувате, дури и откако ќе разговарате за проблемот, запрашајте се дали сакате да бидете во врска без доверба.
4. Заедно сте повеќе време, а партнерот се двоуми за посветеноста
Секоја врска има различни фази. На почетокот и двајцата партнери се обидуваат да сфатат дали си одговараат и дали би сакале да го преземат следниот чекор во врската. Следната фаза може да биде што било во зависност од тоа каде сте со партнерот. Можеби следниот чекор е брак, вселување заедно или имање деца. Но ако сте поминале долго време со партнерот, а тој сè уште е неодлучен каде сака да се движи врската, тоа е знак дека врската можеби нема да трае уште долго.
5. Само вие се обидувате да ја поправите врската
Кога сакате некого, тешко е да забележите дека не ја игра неговата улога во врската. Ова се случува почесто кај луѓето кои се трпеливи и кои лесно простуваат. Но ако вие сте единствената личност што се обидува да ја поправи врската, што планира состаноци и ги жртвувате вашите потреби за врската и партнерот, потребно е да направите промена.
Ако сте со партерот надевајќи се дека ќе се промени, веројатно врската нема иднина. Немојте да се помирувате бидејќи ви е страв да бидете сингл. Многу е подобро да бидете сами отколку со личност која не е овде за вас. Подобро е да бидете сами и да се фокусирате на целите и на соништата додека не најдете личност достојна за вашата љубов.
6. Вашите пријатели и родители не го сакаат партнерот
Не мора да значи дека сите ваши сакани личност ќе се согласуваат меѓу себе. Но ако родителите и пријателите воопшто не ја одобруваат вашата врска, можеби треба да слушнете што имаат да ви кажат. Обично овие луѓе ви го посакуваат најдоброто и често можат да ги видат предупредувачките знаци кои се невидливи за вас. Можеби јасно гледаат дека заслужувате подобро и дека партнерот не ви ги нуди љубовта и вниманието што ги заслужувате.
7. Се чувствувате несигурно со партнерот
Нема потреба секојдневно да му кажувате на партнерот дека го сакате за да се чувствувате сигурно, но треба да има одредена поврзаност и разбирање помеѓу вас. Ако постојно се прашувате за чувствата на партнерот кон вас и не сте сигурни каде сте во неговиот живот, можеби ја немате потребната поврзаност со него. Нема смисла да останете во врска во којашто се чувствувате несигурно за себе и за вашата заедничка иднина.
8. Поврзаноста е повеќе физичка отколку ментална или емоционална
Добра врска е онаа во којашто можете да се поврзете со партнерот на сите нивоа – физички, ментално, емоционално и духовно. Но ако чувствувате дека помеѓу вас има само физичка хемија и речиси никаква емоционална или ментална компатибилност, големи се шансите вашата врска да не трае уште многу. Физичката привлечност избледува со текот на времето, па ако немате силна емоционална поврзаност, тоа е јасен знак дека врската нема иднина.
9. Не сте на истата страница
Сите сме во различна фаза од животот и имаме различни приоритети. Можеби сте лудо вљубени еден во друг, но ако сакате различни нешта од животот, не се наоѓате на иста страница. Поради тоа важно е да откриете што бара партнерот од врската. Дали бара нешто колку да го помине времето или сака сериозна врска која има потенцијал? Ако барате нешто сериозно, а партнерот не е заинтересиран за тоа, едноставно не сте на истата страница без разлика колку се сакате.
10. Постојано раскинувате и се смирувате
Ако се најдете во врска полна со проблеми и која изгледа како возење на луда железница, тогаш таа е далеку од стабилна. Потребно е да се запрашате дали ова е тоа што навистина го сакате. Ако сте во врска која постојано ја прекинувате, заедно сте некое време и сè ви изгледа волшебно, сè додека не започнат расправиите, токсичната енергија и раскинувањето, за потоа повторно да се смирите како ништо да не било. Ова изгледа како авантура, но ви ја троши целата енергија. Не треба да останете во врска која повеќе ве троши отколку што ве смирува.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека можеби не треба да ја прекинете вашата врска.