10 знаци дека сте во врска со нарцис
Нарцистичкото нарушување на личноста се дефинира како ментално нарушување во кое луѓето имаат зголемено чувство за својата важност и длабока потреба за восхитување. Овие личности веруваат дека се супериорни во однос на другите и воопшто не се грижат за туѓите чувства. Но, тие не се толку силни колку што се претставуваат. Под дебелата маска се крие кршлива самодоверба и ранливост дури и на најмалата критика. Па, како да откриете дали сте во врска со нарцис?
1. Тие обожаваат да зборуваат за себе
Еден од најлесните начини да откриете дали сте во врска со нарцис е доколку се фокусирате на начинот на кој тие зборуваат. Патолошките нарциси обожаваат да зборуваат за себе, како и да претеруваат со термините кои ги користат при опишување себеси. Тие исто така се и личности кои сакаат да доминираат во разговорот, најчесто зборувајќи за своите лични достигнувања или проблеми.
2. Тие се шармантни и романтични, но…
Голем дел од нарцисите ќе ви делуваат привлечно и атрактивно, особено во почетните фази на врската бидејќи ќе се обидуваат да ве освојат. Тие имаат дарба со помош на својата харизма да го привлечат вашето внимание, преку флерт да направат да се чувствувате посебно како и лесно да ве заведат. Но, откако ќе ја постигнат својата цел голем се шансите да им станете брзо досадни, па токму затоа и можат да ве напуштат без воопшто да се двоумат. Вие ќе останете сами, прашувајќи се што се случило, додека тие веќе ја бараат следната возбудлива авантура.
3. Не се личности на кои можете да се потпрете
Друг одличен начин на кој можете да забележите нарцис е доколку ги споредите неговите дела со неговите зборови. Голем дел од нив се личности кои многу зборуваат и ветуваат, кои се силни на зборови, но кои едноставно не ги претвораат овие нешта во дела. Од друга страна пак, вие не би можеле ниту да се потпрете на нив емоционално, бидејќи тие во еден момент ќе бидат покрај вас, но веќе во наредниот можат да бидат стотици километри оддалечени.
4. Бараат инстантно задоволување на своите потреби
Голем дел од нарцисите се насочени целосно кон себе, очекувајќи инстантно задоволување на сите нивни потреби. Ова се однесува дури и на наједноставните нешта, како брзото враќање на повик или порака, но исто така често се случува и со поголемите нешта, каде што тие сакаат сè да биде по нивно (социјално, приватно и/или сексуално). Најбрзиот начин да откриете дали сте во врска со нарцис е доколку нежно кажете „не“ или „остави ме да размислам“, а потоа да забележите како тој или таа реагира на овие изјави. Доколку не го прифаќа вашиот одговор и упорно се обидува да ве разубеди во нешто, без разлика колку ви е непријатно, покажувајќи знаци на нетрпеливост, иритација, па дури и лутина, тогаш со сигурност станува збор за нарцис.
5. Тие ги кршат правилата и ги надминуваат границите
Нарцисите најчесто уживаат во кршењето на правилата или социјалните норми и правејќи ги нештата во своите замислени граници. Исто така тие често не покажуваат почит кон мислите, чувствата, времето и физичкиот простор на другите луѓе. Тие без никакво размислување ги пречекоруваат границите и се гордеат на овие постапки, притоа не покажувајќи знаци на каење.
6. Очекуваат специјален третман
Тие поради некоја причина сметаат дека се над другите и токму затоа очекуваат посебен третман. Тие очекуваат од останатите да се погрижат за сите нивни потреби, без притоа да дадат ништо за возврат. Ова се случува бидејќи во нивните мисли светот се врти околу нив, па токму затоа и можат да гледаат на другите како на свои лични слуги.
7. Често манипулираат со другите за свои лични цели
Дел од нарцисите ќе ги искористат своите романтични партнери со цел да ги остварат нивните неразумни и нереални потреби, нереализирани амбиции или пак, ќе се обидат со нивна помош да ги скријат сите свои недостатоци и маани.
8. Постојано работат против другите
Со цел да ја одржат својата супериорност и да ги скријат несигурностите во себе, дел од нарцисите постојано ги „кршат“ оние околу нив, со цел да се чувствуваат повредно во своите очи. Најчесто ги напаѓаат оние кои ги доживуваат како инфериорни и некомпетентни личности со многу маани. Што се однесува до врската, на почетокот тие ќе ве обвијат со многу комплименти, но за време на оваа фаза ќе ви ги истакнат дури и најмалите ситници кои тие ги сметаат за лоши во вас. Без разлика дали овие забелешки се разумни, тие сепак ќе ги искористат со цел да се чувствуваат подобро за себе.
9. Реагираат негативно кога не им го давате она кое го сакаат
Бидејќи нарцисите не можат да поднесат разочараност и одбивање, тие постојано ќе реагираат негативно доколку не го добиваат од вас она кое тие сметаат дека го заслужиле. Токму затоа секогаш кога нема да испадне по нивно, тие ќе покажуваат знаци на лутина, така што ќе ве осудуваат и напаѓаат, а потоа и ќе се обидат да ви наметнат вина.
10. Тие не знаат како да бидат дел од сериозна врска
Доколку веќе некое време сте заедно, но сè уште не сте успеале да разговарате сериозно за вашата врска, или пак сте го сториле тоа, но вашиот партнер не сакал да премине на следната фаза, тогаш би требало поинаку да ѝ пристапите на оваа ситуација. Постојат многу причини зошто некој не би сакал да се обврзува, но една од најголемите причини е нарцизмот. Доколку сте во врска со нарцис, тој секогаш ќе го насочува едното око кон надвор, со цел да внимава да не пронајде личност со која би имал подобра врска.