10 знаци дека сте во многу подобра форма отколку што мислите
Честопати сме премногу строги кон самите себеси кога станува збор за вежбањето и се споредуваме со професионални спортисти кои прават да се чувствуваме инфериорни или просечни. Понекогаш едноставно се случува да го прескокнете вежбањето или да паднете на искушението и да изедете нездрава храна. Кога ќе се случи тоа, вашата самодоверба се намалува и веднаш чувствувате како да исчезнува вашата добра форма. Но, неколку пропусти не прават многу разлика, освен ако тоа не се претвори во секојдневие, и не би требало негативноста да ви застане на патот и да ве спречи во остварувањето на вашите фитнес цели. Доколку се чувствувате така, овие неколку знаци ќе ви потврдат дека сте во подобра форма отколку што мислите и ќе ја зголемат вашата самодоверба…
1. Стоите поголемиот дел од денот
Активните луѓе се активни без да бидат свесни за тоа. Тие стојат повеќе отколку што седат и постојано се во движење. Ако стоите исто толку колку што седите во текот на денот или стоите барем по неколку минути секој час, веројатноста е дека сте во подобра форма отколку што мислите. Обрнете внимание на вашата потреба за седење за да ја процените вашата физичка подготвеност.
2. Вашите ментални способности се на високо ниво кога сте на работа
Доколку вашите когнитивни вештини одлично ве служат на работното место, откако сте започнале со вежбање, тогаш вие сте во многу подобра форма отколку што мислите. Вие сте добар организатор и знаете да ги решавате проблемите. Познато е дека вежбањето ја зголемува способноста за решавање проблеми, организација и справување со стресни ситуации.
3. Брзо се одморате
Доколку можете да истрчате брзо неколку метри или да направите тешки физички вежби и притоа не се исцрпувате, тогаш можете да издржите многу повеќе отколку што мислите. Физичката подготвеност се мери според тоа колку време ви треба за да се одморите.
4. Чувствувате потреба за здрава храна
Ако забележите дека ви се јаде здрава храна, како што се житарки, салати и свежо овошје а не преработена храна богата со рафинирани јаглехидрати, шеќер и маснотии, тогаш сте во добра форма. Луѓето кои се во добра форма можат да манипулираат и да ги менуваат нивните хормони со цел да ја намалат желбата за нездрава храна и да ја зголемат потребата за здрава храна.
5. Имате активен сексуален живот
Доколку имате голема енергија во кревет, тогаш несомнено е дека сте во добра форма. Сексот може да согори голем број калории и бара добра физичка подготвеност. Така што, ако можете да се опуштите и да се чувствувате удобно, вашето тело е издржливо и имате добра кондиција.
6. Можете да шетате по продавници цел ден
Доколку можете по цели денови да шетате од продавница во продавница и да извршувате различни обврски без да направите пауза, тогаш вашето тело е во добра форма и има голема издржливост. Освен тоа, помислете само на сите тие торби и кеси што ги влечете со себе. Доколку можете да ја издржите тежината во двете раце, тогаш сте многу посилни одошто мислите.
7. Скалите не ви претставуваат проблем
Одењето или трчањето по скали активира одредени мускулни групи кои не се толку вклучени кога ги правите стандардните кардио вежби. Ако можете да одите, па дури и да трчате горе-долу по скали без да почувствувате мачнина и да изгубите воздух, вие сте дефинитвно во многу подобра форма отколку што мислите.
8. Вежбате затоа што ви се допаѓа тоа
Вашите вежби не се поттикнати само од желбата да изгубите неколку килограми, туку целта ви е да го зголемите нивото на ендорфин и да го подобрите расположението. Сакате да се испотите и вежбате за да направите нешто корисно за вашето тело од здравствен аспект, а не за да ја добиете формата што отсекогаш сте ја посакувале. Луѓето кои се во добра форма вежбаат затоа што тоа е дел од нив и ги прави среќни. Внатрешната мотивација е многу поважна од надворешните цели.
9. Можете да правите различни видови вежби
Доколку вашето тело е способно да изведе различни видови движења со различен интензитет, тогаш вие поседувате голема сила во различни мускулни групи. Освен тоа, разновидноста во вежбите не само што е добро за телото, туку и за расположението затоа што ја победува досадата. Вежбајте на справи, аеробик, со тегови, пилатес топка и обрнете внимание на тоа како телото се справува со новиот репертоар.
10. Можете да одржувате баланс
Ако можете да џогирате долго време, тоа е знак дека имате голема издржливост, но таа физичка активност не бара многу баланс, како што тоа е случајот со вежбите со кревање тегови, јогата и секојдневните движења во животот. Добро мерило за физичката подготвеност е одржувањето рамнотежа, бидејќи е поврзано со способноста на телото да стои исправено при што мускулите и зглобовите функционираат максимално и симетрично.
Без оглед на тоа колку часови поминувате на справи во салата за вежбање или во џогирање, постојат други начини да ја тестирате вашата физичка подготвеност. Доколку имате лош ден или отидете на одмор, вашата форма нема да падне и да се влоши. Сѐ додека не ви прејде тоа во навика, бидете самоуверени дека сте во многу подобра форма отколку што можете да замислите.