10 знаци дека сте лошо облечени

10 знаци дека сте лошо облечени

Добриот стил не е лесно да го опишете во неколку збора. Понекогаш е тешко да ги кажете неговите главни одлики, но едноставно знаете кој ви се допаѓа. Од друга страна пак, постојано се прашувате дали добро се облекувате, бидејќи не добивате никакви повратни информации од околината. За да бидете сигурни дали вашето облекување е добро или пак грешите во нешто, најпрво дознајте кои знаци откриваат дека сте лошо облечени.

1-10 znaci deka ste losho oblecheni-www.kafepauza.mk_

1. Имате заборавено кога беше последниот пат кога некој ви дал комплимент за вашата гардероба.

2. Често ви се случува на некоја забава или формална прилика да се двоите од околината, односно вашиот изглед да не се совпаѓа со изгледот на останатите.

3. Вашиот гардеробер е полн со парчиња кои сега се во мода, а во него немате ништо класично и безвременско, како што се малиот црн фустан и салонките.

4. Вашето семејство и пријателите често имаат лоши коментари за изборот на вашата гардероба.

5. Трошите голема сума пари за скапи и брендирани парчиња кои ги комбинирате без смисла, водејќи сметка само за тоа секое парче да е етикетирано.

6. Брендираните производи секогаш ги одбирате само ако логото им е големо и лесно видливо.

7. Кога ќе се погледнете на фотографиите од пред неколку години, се прашувате што ви било што сте се облекле така.

8. Не обрнувате внимание на деталите и на тоа како ги комбинирате во својот целокупен изглед.

9. Не сте во можност да го дефинирате својот стил со неколку збора.

10. Дури и кога ќе добиете некој комплимент, тој се однесува само за некое ваше парче, но никогаш за вашиот целосен изглед.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар