10 знаци дека несвесно ја уништувате вашата љубовна врска

10 знаци дека несвесно ја уништувате вашата љубовна врска

Понекогаш ни се случува несвесно да правиме некои работи што ја уништуваат нашата љубовна врска. Станува збор за навидум безначајни ситници што полека се натрупуваат и ја водат врската кон пропаст. Прочитајте ги следниве 10 знаци и дознајте дали несвесно внесувате раздор во односот со вашиот партнер…

10 знаци дека несвесно ја уништувате вашата љубовна врска

1. Кажувате бели лаги

Кога ќе се фатите себеси како му кажувате бели лаги на партнерот, тоа значи дека несвесно се оддалечувате еден од друг. Тука станува збор за многу едноставни лаги. На пример, не му кажувате кога точно сте си отишле од работа или каде одите да се видите со некој пријател. Размислете подобро за тоа што го правите. Никогаш не би лажеле некого кого го почитувате, се согласувате?

2. Премногу сте се опуштиле

Воопшто не се трудите. Не се обидувате да дознаете повеќе за партнерот или да растете заедно како пар. Не се грижите повеќе за вашиот изглед и за работите што ги кажувате. Не вложувате доволно енергија во врската, бидејќи ви станало здодевно.

3. Го озборувате партнерот

Постојано го озборувате партнерот со вашите пријателки. Се жалите од врската повеќе одошто мислите и целото ваше друштво се прашува зошто воопшто сте заедно со тој човек, бидејќи сѐ што знаат за него се неговите маани.

4. Имате преголеми очекувања

Очекувате од него постојано да се согласува со вас. Очекувате од вашиот партнер да ги следи вашите планови и веднаш избувнувате доколку не го каже или направи она што сметате дека треба. Очекувате совршенство, но живеете во реален свет, а не во бајка.

5. Наоѓате изговори за да немате секс

Во последно време, постојано одбивате да имате секс. Не ви се допаѓаат работите што ги прави партнерот и воопшто не ве возбудува. Постојано измислувате изговори дека сте премногу уморни или дека сте зафатени со работа. Кога имате секс, не уживате, а ако успеете да уживате, мора премногу да се трудите за да постигнете задоволство.

10 знаци дека несвесно ја уништувате вашата љубовна врска

6. Сѐ се врти околу вас

Правите планови за вашата иднина и за она што вам ви одговара. Воопшто не ги слушате потребите на вашиот партнер. Земате многу повеќе од она што ѝ го давате на саканата личност. Сте станале многу себични на сите погрешни начини.

7. Се опседнувате со глупости

Ако партнерот не ви врати веднаш на пораката, станувате параноични и лути. Толку се опседнувате со ситници, што вашата анксиозност ги надминува сите граници. Ако ви ги откаже вечерните планови, веднаш полудувате бидејќи чувствувате дека не сте му приоритет.

8. Често избувнувате

Забележувате дека ве нервира секоја ситница кај овој човек. Порано сте ги сакале неговите дупчиња на образите и гласното смеење. Сега, се расправате поради секоја негова ситница и почнувате да го презирате партнерот.

9. Премногу сте напорни

Сте станале премногу напорни. Секогаш го молите партнерот да преспие и никогаш да не ве напушта. Му испраќате премногу пораки во текот на денот и секогаш го проверувате за да дознаете што прави. Немате поим што значат зборовите „личен простор“ во врската.

10. Им давате предност на други луѓе

Повеќе се дружите со вашите пријатели отколку со вашиот партнер. Попрво би правеле сѐ друго отколку да поминете време со вашата друга половина. Можеби не сте забележале, но времето поминато со вашиот партнер е сведено на минимум.

Прочитајте ги и следниве 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар