10 знаци дека конечно сте го привлекле неговото внимание

10 знаци дека конечно сте го привлекле неговото внимание

Секоја жена, откако ќе ја привлече некој маж физички, таа се труди да го добие неговото внимание. Можеби поради фактот дека откако ќе го добие неговото внимание, тогаш е на вистински пат да го и освои неговото срце. Но којзнае, можеби има и вистина во тоа. Сепак овие 10 знаци се сигурен показател дека го имате добиено неговото внимание и дека сте на одличен пат во остварувањето на вашата цел.

1-10-znaci-deka-konechno-ste-go-privlekle-negovoto-vnimanie-www.kafepauza.mk_

1. Ќе ве додаде на Фејсбук

Веднаш! Буквално, веднаш штом ве запознал, ви праќа покана за пријателство. Нема трпение ниту да стигне дома.

2. Ги забележува ситните промени кај вас

Тој забележува дека ви пораснале ноктите, сте ги скратиле шишките, сте купиле нова чанта, сте ослабеле неколку килограми…

3. Ви става лајкови на сè што ќе објавите на Фејсбук и Инстаграм

Без разлика дали сте објавиле песна, ново селфи или фотографија од вкусниот ручек, неговиот лајк никако не изостанува.

2-10-znaci-deka-konechno-ste-go-privlekle-negovoto-vnimanie-www.kafepauza.mk_

4. Ви го позајмува неговиот капут

Ова е еден од оние кавалерски манири пред изумирање, но доколку навистина му се допаѓате, тогаш без размислување ќе ви го даде неговиот капут.

5. Ви праќа пораки во доцните часови

Да бидеме реални, никој не е буден во 3 часот наутро само поради тоа што се прашува како вие сте го поминале денот.

6. Се смее на сите ваши шеги

Во ред, можеби навистина сте забавна личност со одлична смисла за хумор, но никој не е толку смешен колку што вие се чувствувате во негова близина.

7. Покажува интерес за секоја ситница во вашиот живот

На пример, зошто сте ја избришале баш таа фотографија од вашиот Инстаграм профил. Кому му е грижа зошто? Освен ако се работи за личноста која сака да биде со вас. На неа навистина ѝ е грижа.

portrait of young beautiful stylish couple  in autumn park

portrait of young beautiful stylish couple in autumn park

8. Ве испраќа до дома

Без разлика дали со такси или пешки, тој ве испраќа точно до самиот куќен праг иако живее на потполно друг крај од градот.

9. Нема да ви дозволи да ја платите сметката

Можеби е вистински џентлмен, а можеби толку многу му се допаѓате што сака да ве воодушеви со секој мал гест.

10. Неговиот парфем се чувствува на километар

Ако сака да ве импресионира, најверојатно ќе се избања во омилениот парфем и потоа ќе се испрска уште 20 пати. И уште 10 пати додека доаѓа по пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар