10 знаци дека е време за детоксикација на вашата душа

10 знаци дека е време за детоксикација на вашата душа

Детоксикацијата на тело е нешто што веќе секојдневно го слушаме. Во нашите тела внесуваме толку многу работи кои не се добри за нас, па понекогаш е потребно да ги исчистиме. Но, малкумина знаат дека истото им е потребно и на нашите души. И умот и телото можат да бидат полни со негативности и работи кои се лоши за нашето здравје.

10 знаци дека е време за детоксикација на вашата душа

„Многу професионалци сметаат дека коренот на несреќата се депресивните мисли“, изјавил доктор Ендрју Веил.

Ова се некои од знаците кои покажуваат дека е време да направите детоксикација на вашата душа, но и како да го направите тоа.

1. Барате негативности

Сигурно сте ја слушнале изреката: „Мизеријата сака друштво.“ Кога ќе забележите дека разгледувате и читате работи кои ве прават тажни, тогаш е време да застанете и да размислите за детоксикација на душата.

„Негативните луѓе може да ве повлечат со нив и нема да го сфатите тоа долго време. Важно е да се спомене дека има разлика помеѓу негативна личност и личност што минува низ негативен период. Бидете свесни и за таа можност“, вели бизнис менторот Бев Џејмс.

Исклучувањето на електронските направи и поврзувањето со луѓе кои навистина ги сакате е одличен начин да престанете да барате мизерија и да ја храните душата со лоши работи.

2. Не сте свесни кога зборувате

Имате ли забележано дека речиси секогаш кога зборувате кажувате саркастични работи? Дали ги повредувате чувствата на другите без да сакате да го направите тоа? Ова е знак дека е потребно да направите детоксикација на душата. Не сте свесни за нештата што ги кажувате бидејќи сте полни со негативност. Намерното подобрување на расположението на другите и размислувањето за добри нешта може да ви помогне во ова.

3. Вашите пријатели не сакаат да бидат околу вас

Ако постојано оддавате негативна енергија, не е ни чудно што вашите пријатели не сакаат често да се дружат со вас. Ова е силен знак дека е време за промена за да можете повторно да се поврзете со пријателите. Престанете да ја барате негативноста и опкружете се со луѓе кои ве прават навистина среќни.

4. Не чувствувате речиси ништо

Емоциите се она што нè прави луѓе. Немањето емоции е навистина лошо. Емоциите се неутрални, а начинот на кој се справуваме со нив ја прави ситуацијата подобра или полоша. Но, кога ќе престанете да чувствувате, кога ништо нема да ви биде ни добро ни лошо, време е за детоксикација.

„Ја третираме хроничната болка со лекови. Ја третираме несоницата со апчиња за спиење. Го третираме вишокот килограми со исхрана и вежбање. А најштетно од сè, го обележуваме губењето на душата како ментална болест, како депресија. Ги прикриваме симптомите со лекови кои само ја влошуваат ситуацијата“, изјавила авторката д-р Лиса Ранкин.

Кога ќе дојдете во допир со вашите сетила, ќе ги вратите вашите емоции и вашата „рана“ ќе почне да заздравува.

5. Уживате во несреќата на другите

Наместо да бидете сочувствителни кога работите им одат на лошо на другите, вие уживате во тоа што нешто лошо му се случува на некој друг. Како би сакале другите да реагираат ако сте во кожата на таа личност? Соочувањето со овој проблем е најдобриот начин за детоксикација.

„Проблемот е што многу огорчени луѓе не сфаќаат дека се такви. Бидејќи се премногу убедени дека се во право, не можат да ги согледаат своите грешки. Колку повеќе расте коренот на огорченоста, толку е потешко да се отстрани.“ – Крег Грешел.

6. Ве нервираат среќните луѓе

Опкружувањето со среќни луѓе може да направи да се чувствувате уште помизерно. Можно е да се чувствувате како да сте одделени од вашите позитивни емоции.

„Заедничка особина на многу среќни луѓе е тоа што се прифаќаат онакви какви што сте. Додека ние немаме контрола врз сè што се случува надвор во светот, можеме да го контролираме она што се случува во нас – како размислуваме, што чувствуваме и како реагираме на тие надворешни ситуации. Квалитетот на нашите животи е одреден од тие мисли и постапки“, изјавил Дон Гласкин.

Медитацијата и опкружувањето со луѓе кои ги сакате ќе ви помогне да го отстраните ова негативно чувство. Среќата треба да биде заразна, а не да ве разочарува.

7. Проблеми со спиењето

Или не можете да заспиете, или не можете да останете заспани, или пак не можете да се разбудите. Можеби имате кошмари кои ве будат сред ноќ. На овој начин вашата душа се обидува да ви каже дека е време за детоксикација. Медитацијата е одлична алатка која ќе ви помогне да се поврзете со вашата душа и да се наспиете за да можете да се чувствувате подобро во текот на денот.

8. Постојано сте жртва

Барем така се гледате вие. Секогаш сте личноста која е изневерена или на која сите ѝ грешат. Ако постојано се наоѓате во улога на жртва, можеби е време да се прашате дали навистина тоа е вашата улога. Можеби негативноста конечно ве престигнала.

„Негативните мисли создаваат негативни зборови, кои пак создаваат уште повеќе негативни мисли. Тренирајте се да забележите секогаш кога размислувате, зборувате или се однесувате негативно. Штом ќе го забележете тоа, веднаш променете го ставот“, изјавува авторот Дар Пејмент.

9. Избегнувате медитација или молитва

Овие активности нè тераат да поминуваме време со себе и со нашите мисли во најискрените и најранливите моменти. Ако го избегнувате ова, веројатно има нешто во вашата душа со коешто не сакате да се соочите. Почнете со мали чекори и фокусирајте се на медитацијата сè додека не ја исчистите вашата душа.

„Медитацијата ја смирува душата. Погледот внатре во себе е одличен начин да го исчистите духовниот отпад. Слушањето на вашата внатрешна мудрост е брз начин да го отстраните она што не ви служи“, вели инструкторката по јога Ребека Батлер.

10. Секогаш ви е здодевно

Ништо не ве исполнува. Вашите хобија не ве интересираат и ништо не ви звучи забавно. Ако се чувствувате вака, потребно е да направите детоксикација за да можете повторно емоционално да се поврзете со нештата што ги сакате. Побарајте помош и поддршка и поврзете се со нештата што ви причинуваат задоволство.

„Кога лошите хемикалии се таложат во нашите тела, ние се полниме со токсини. Ова може да направи да се чувствуваме летаргично, па дури и болно. На сличен начин, негативните емоции може да се наталожат во телото. Тие може да бидат како товар на вашиот ум, дух и тело ако ги игнорирате“, изјавиле докторите Ерик и Сабрина Ан Зиелински.

Нашите тела и нашите души го бараат нашето внимание кога станува збор за негативност и работи кои се лоши за нас. Внимавајте на овие знаци во случај да ви е потребна детоксикација на душата. Не се разболуваат само нашите тела, тоа им е случува и на умот и на душата.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека доживувате „губење на душата“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар