10 животни вештини на кои секој родител е должен да го научи своето дете

10 животни вештини на кои секој родител е должен да го научи своето дете

Секој родител го посакува само најдоброто за своите деца и на свој начин ги учи како да стигнат до тоа. Децата не можат да научат сè на овој свет, но има некои работи кои се задолжителни за нив за да имаат подобра иднина. Тие се учат дома и затоа родителите се должни да ги научат на овие работи.

10 животни вештини на кои секој родител е должен да го научи своето дете

1. Никогаш да не престанат да читаат и учат

Колку повеќе читаат и учат, толку поотворен ум ќе имаат. Научете ги никогаш да не престануваат со тоа. Нека сфатат и дека читањето не е единствениот начин на учење. Треба да бидат отворени и за бројни животни искуства за постојано да учат.

2. Научете ги да си играат со другите деца

Тоа што е играта со другарчињата денес, тоа ќе биде соработка со пријателите и колегите утре. Нека научат како да ги прифатат меѓусебните разлики и да ги надминат затоа што така ќе напредуваат. Ако рано научат дека тимската работа ќе ги однесе далеку, ќе знаат добро да се приспособуваат кога ќе пораснат.

10 животни вештини на кои секој родител е должен да го научи своето дете

3. Научете ги мирно да ги разрешуваат конфликтите

Конфликтите се неизбежен дел од животот, а нивното разрешување е многу важна животна вештина. Онака како што вие ги разрешувате, така ќе прави и вашето дете. Затоа дајте му пример со кој ќе сфати дека тоа треба да се направи мирно, преку разговор и без примена на насилство. Кога неговата возраст ќе го дозволи тоа, научете го да ги согледува работите од повеќе агли и на тој начин да разбере од каде доаѓа недоразбирањето. Еден ден вашето дете ќе биде тинејџер и ќе има конфликти и со вас, а кога е мало имате можност да го научите како треба да се расправате кога ќе порасне.

4. Научете ги да го кажат својот став

Оваа вештина се учи дома. Охрабрете го детето да го кажува своето мислење секогаш кога тоа е потребно и тоа ќе го прави тоа и кога ќе порасне. Тоа е многу потребно во денешниот свет и мора да се научи уште од мали нозе. Ако само го замолчувате вашето дете сега, тоа ќе го прави и некој друг по неколку години затоа што денес сте го научиле дека така треба.

5. Научете ги да се извинат и да простат

Ќе бидат повредени и ќе ги повредуваат другите, но мораат да научат како се исправаат работите. Нека знаат дека доблесно и храбро е да се извиниш и дека не си слаб ако простиш на оној што ти згрешил.

10 животни вештини на кои секој родител е должен да го научи своето дете

6. Нека покажат добрина кога никој не го бара тоа од нив

Повторно тоа најдобро ќе го постигнете со вашиот пример. Научете ги да подадат рака кога му треба на некој. Тоа ќе ги научи на емпатија и ќе сфатат дека може да постои разлика меѓу желбите и она што навистина се случува во животот.

7. Нека ја гледаат позитивната страна на животот

Нема целиот живот да биде како детството. По некое време ќе дојдат и тешки денови, а тоа ќе мора да знае како да гледа на позитивната страна на животот. Ќе му биде потребно својата реалност да ја гледа како збир на убави и неубави моменти, а не како на нешто кое мора да иде совршено како што некогаш било. Научете го на суштината на онаа клише, но вистинита реченица дека чашата е полуполна, а не полупразна.

10 животни вештини на кои секој родител е должен да го научи своето дете

8. Научете ги да се грижат за околината

Колку и да им кажуваат на училиште дека треба да ја чуваат околината, ако вие фрлате ѓубре од петти кат, користите автомобил за да поминете 500 метри и ги малтретирате животните, нема наставник кој може да го разубеди детето дека она што го правите е неисправно.

9. Научете ги на лична хигиена

Знаете дека тоа е предмет на домашно воспитување, Извршете ја својата должност. Колку порано научат, толку поуредни ќе бидат понатаму.

10. Научете ги на безусловна љубов

Љубовта движи голем дел од светот и е причина за сите убави работи кои ни се случуваат во животот. Научете ги своите деца да ги сакаат луѓето безусловно, поради тоа што се, а не поради тоа што прават за нив или за некој друг. Дајте им можност да формираат силни и стабилни врски кога ќе пораснат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар