10 животни совети за моите идни ќерки
Автор: Ана Петровиќ
Ако се погледнеме во огледало, ја гледаме рефлексијата на сите наши искуства и знаења за животот. Тоа се знаења за работи кои посакуваме некој да ни ги кажеше нам, но кога веќе сме морале да ги научиме на потешкиот начин, барем да ги споделиме со оние кои допрва треба да почнат да уживаат во животот. Ова се 10 совети за нашите идни ќерки.
1. Не се плаши да ги покажеш своите чувства. Тоа е реткост – многумина од луѓето се кријат под слоевите на своето совршенство. Биди вистинска затоа што си прекрасна.
2. Ако не сакаш нешто што сите го сакаат, не се чувствувај отфрлено. Твоите културни приоритети секогаш те дефинираат тебе и твојата личност.
3. Учи напорно и учи колку што мислиш дека ти е потребно. Дипломирај на три факултети, ако тоа те прави среќна.
4. Не дозволувај јас или некој друг да ти каже кого да сакаш во животот. Ако одиш по пат за кој другите сметаат дека е погрешен, не се плаши да продолжиш. Твој е изборот.
5. Не се плаши да бидеш импулсивна. Многупати во животот сум била повредена, но за ништо на светот не би ги менувала тие искуства. Само следи го твоето срце – попаметно е отколку што мислиш.
6. Ако си тажна – шетај наоколу, јади големи количини сладолед и слушај тажни песни. Ако си среќна – оди на шопинг, бакнувај ги и прегрнувај ги твоите пријатели или купи им нешто. Однесувај се онака како што се чувствуваш, тоа не е погрешно ниту себично од твоја страна.
7. Никогаш не се навраќај на твоите грешки. Можеби е тешко, но потруди се, земи воздух длабоко и продолжи понатаму.
8. Не дозволувај парите да ти го контролираат животот. Тоа ќе те уништи тебе и твоите односи со најблиските.
9. Немој да бидеш невнимателна со туѓите чувства. Секој води внатрешна борба со себе – секогаш биди фина. Едноставно е – доколку те повредува некој, покажи го тоа на смирен начин.
10. Научи да живееш во моментот. Твојот мобилен телефон секогаш ќе биде покрај тебе и после вечерта во кино, концертот или пијалакот со пријателките, но времето поминува. Не го дозволувај тоа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.