10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми

10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми

Следните 10 оброци, според нутриционистите, можат да придонесат за значително намалување на прекумерната телесна тежина, бидејќи заситуваат и содржат прилично малку калории. Едноставни се за подготовка, вкусно звучат и докрај ќе ги наполнат вашите батерии.

10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми

  • Овесна каша со боровинки, мед и ореви. Одлична порција нискокалоричен појадок.
  • Мусли со свежо исцеден овошен сок или со млеко (по избор). Се разбира, само една полна чинија. 🙂

10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми

  • Сварени овесни зрна (може и други видови зрна) со кисело млеко или со овошни плодови и една до две супени лажички ленено масло.
  • Овошна салата – портокал, јаболко, круша, банана, сето тоа ситно исецкано и прелиено со свежо исцеден сок од лимон.

10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми

  • Сендвич – диетален леб со семки, варено пилешко месо, малку безмасно тврдо сирење и зелена салата.
  • Урда со сушени плодови (Особено се корисни урмите. Земете два до три плода, исечете ги на мали парчиња и смешајте ги со урдата).
  • Омлет со билки и свеж зеленчук. За оброкот да биде комплетен, доволни се 2-3 јајца и вашиот омилен зеленчук.

10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми

  • Кисело млеко со банана, јаболко и корнфлекс (потребни се: половина банана исечена на парчиња, половина ситно исецкано јаболко и 2-3 супени лажици корнфлекс).
  • Каша од хељда со млеко (јадење кое е многу богато со железо)
  • Салата од авокадо, 2 јајца и рендано сирење. Сечете и декорирајте по желба.

10 здрави оброци за повеќе енергија и помалку килограми


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар