10 зборови според кои сите би требало да живеат

10 зборови според кои сите би требало да живеат

Постојат голем број идеи, размислувања и теории како треба најздраво да се води животот. Но, моќта на зборовите е уште поголема од сите тие мисли. Погледнете ги наредниве 10 зборови кои би требало што е можно побргу да ги додадете во вашиот вокабулар со чија помош ќе започнете да живеете исполнето и среќно…

10 зборови според кои сите би требало да живеат

1. Присуство

Да се биде целосно вклучен во она што во моментот се прави. Свесноста за сегашниот момент е нешто што сите луѓе постојано го игнорираат и токму тоа може да доведе до проблеми во иднината како на пример, недоразбирања. Исто така доколку не сте целосно вклучени во она што во моментот го правите, како очекувате да го искусите целосно она низ што поминувате?

2. Ранливост

Подготвеност да се дозволи другите да ве видат онакви какви што навистина сте. Ранливост е доколку признаете дека вие сте човек, дека не сте совршени и дека се борите како и сите останати луѓе. Никој не успеал оваа состојба да ја опише подобро од Брин Браун. Таа нѐ учи дека ранливоста не е слабост, баш напротив, да се биде ранлив значи да се биде храбар. Само тогаш кога ќе си дозволите да бидете ранливи ќе можете вистински да се препуштите на интимноста.

3. Јасност

Тоа е отвореност и разбирливост на визијата и мислата. Јасноста е оној „ахам“ момент кога во само една секунда сè ќе ви стане кристално јасно и сè ќе ви има смисла. Ова се случува во оние моменти кога му дозволувате на вашиот мозок да се опушти и релаксира. Доколку го форсирате, ќе успеете само дополнително да го преоптоварите со стрес…

4. Спокојство

Способноста на мозокот да остане смирен и во ситуации на стрес или предизвик. Доколку чувствувате внатрешен мир, малку ќе бидат работите кои ќе можат сериозно да ве изнервираат. Токму затоа насочете се кон себе и откријте што е она што ве смирува и обидете се да го одржувате.

5. Благодарност

Ценење на она што сте и она што го имате. Признавање и прифаќање на работите кои ви ги носи животот. Работите никогаш не треба да се земаат здраво за готово. Како што психологот Роберт Емонс велел: „Благодарноста ни дозволува да ја славиме сегашноста.“

6. Креативност

Употребата на вашата имагинација може да создаде сè. Креативноста значи детска разиграност, да се има храброст да се прават грешки и да се продолжи понатаму. Сите ние имаме очајна потреба од зголемена креативност во едукацијата и работното место. Никогаш не заборавајте дека и вие некогаш сте биле дете и дека еден дел од вас засекогаш ќе остане дете.

7. Автентичност

Да се биде она што навистина сте е најискрениот начин на постоење. Да се биде автентичен е да се прифатите онакви какви што сте и на тој начин да се понудите на светот. Предизвикот е да научите како да бидете ОК со вас и потоа едноставно… да бидете.

8. Страст

Неверојатно интензивна желба која ве привлекува кон нешто или некого. И токму ова е клучот. Вашата страст треба да биде толку силна што би можеле да ја почувствувате во вашите гради. Ова е единствениот начин да се инвестирате целосно во потрагата кон соништата и да ги инспирирате и останатите да ве следат.

9. Сочувство

Љубовта и прифаќање на другиот како да се работи за вас. Третирајте ги другите онака како што сакате вие да бидете третирани. Ставете се во нивна кожа и обидете се да погледнете низ нивните очи исто како да се ваши. Ќе се изненадите од она што можете да го видите.

10. Љубов

Дали има потреба да се објаснува оваа точка? Доволно е само да се спомне цитатот од авторот Стивен Чбовски, од книгата „Привилегијата да се биде срамежлив“:

„Ние ја прифаќаме онаа љубов која веруваме дека сме ја заслужиле.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар