10 застарени митови за родителството

10 застарени митови за родителството

Иако советите се претежно добронамерни, честопати ќе слушате од луѓето околу вас што и како треба да направите со вашето бебе. Сепак, нивните совети понекогаш се неточни, а ова се најчестите совети што ги добиваат младите мајки од луѓето што ги опкружуваат.

10 застарени митови за родителството

1. Бебето мора да се капе секој ден

Бебињата се разликуваат од возрасните. Тие не се потат на ист начин, немаат непријатен мирис, така што можете да ги капете на два или на три дена. Ако сè уште преферирате да го капете бебето секој ден, обидете се редовно да ја хидрирате неговата кожа.

2. Бебето треба да спие во тивка и затемнета просторија

Исто како возрасните, има бебиња кои лесно се будат, додека има и такви на кои не им пречат светлината или тивките звуци во позадина. Многу е полесно да го научите бебето на спие во посветла просторија и со тивки звуци во позадина затоа што тогаш ќе можете да го заспиете во различни ситуации.

3. Високата температура се симнува со алкохол

Ова не е точно, а не е ни безбедно бидејќи кожата може да го апсорбира алкохолот. Ако бебето има покачена температура, секогаш консултирајте се со доктор.

4. Не земајте го бебето во раце кога плаче, ќе го разгалите

За бебињата помали од четири месеци постојат различни тактики за смирување, како што се цицањето или повивањето. Кога ќе го земете бебето во рацете, му покажувате дека сте тука за да му помогнете и да се грижите за него.

5. На бебињата треба да им ги менувате влажните пелени ноќе

Не е страшно ако бебето спие со влажни пелени во текот на ноќта бидејќи самата урина е стерилна, а денешните пелени многу добро апсорбираат. Сепак, не оставајте го така ако има измет бидејќи може да се појави инфекција на уринарниот тракт.

6. Мора секојдневно да ги стерилизирате шишињата и цуцлите

Шишињата и цуцлите треба да ги стерилизирате веднаш штом ќе ги извадите од пакувањето. Потоа, доволно е да ги миете со сапун и вода. Бебињата доаѓаат во контакт со бактерии од околината многу повеќе отколку затоа што не сте ги стерилизирате цуцлите.

7. Бебето треба да спие на стомак

Најбезбедно е бебето да спие на грб. Во минатото, лекарите стравуваа дека бебето може да се задави со плунка ако лежи на грб или настрана, но сега експертите не мислат така.

8. Додавањето житарки во млекото ќе го продолжи сонот на бебето

Не воведувајте цврста храна пред петтиот или шестиот месец. Истражувањата покажуваат дека бебето ќе спие потешко ако му дадете цврста храна пред четвртиот месец, а исто така се покажало дека постои можност за здебелување подоцна во животот.

9. Важно е строго да се следи распоредот на исхрана

Внимавајте што бара бебето затоа што тоа има јасни внатрешни показатели кога е гладно, а кога сито. Со строгиот распоред може да влијаете лошо врз вродените навики.

10. На децата им требаат чевли со тврд ѓон

Обично се препорачува бебињата да шетаат боси колку што е можно повеќе затоа што ги користат прстите за да стигнат до површината. Кога излегувате надвор, најдобро е да одберете чевли што му одговараат на стапалата, а трвдиот ѓон може да се лизга премногу.

Прочитајте колку часови треба да спие бебето за здрав сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар