10 заповеди за посреќна врска
Иако недоразбирањата и кавгите се составен дел на секоја врска, сè може да се преброди доколку обата партнери се спремни да соработуваат и да најдат компромис. Да ја признаете грешката, да замолчите навреме и да бидете љубезни кога не сакате е навистина тешко. Ова се 10 заповеди до кои треба двајцата партнери да се придржуваат за врската да им трае подолго.
1. Можете да се лутите, но никогаш не бидете лути истовремено.
2. Никогаш не викајте си еден на друг. Секој проблем може да се реши со мирен тон.
3. Ако некој мора да победи во расправија, тогаш попуштете, бидејќи толеранцијата, искреноста и попустливоста се многу важни особини кои гарантираат среќна врска и брак.
4. Доколку сакате да го искритикувате партнерот, направете го тоа на спонтан и нежен начин.
5. Никогаш не навраќајте се на грешки од минатото.
6. Попрво занемарете го целиот свет, отколку вие еден со друг.
7. Не легнувајте да спиете доколку не сте го решиле недоразбирањето.
8. Секој ден најдете време да му кажете по некој убав збор на партнерот.
9. Доколку згрешите, бидете спремни да признаете и да се извините.
10. За кавга секогаш се потребни двајца, а најчесто оној што е погласен е крив.