10 заповеди за кондомите
Кондомот е една од најсигурните начини на заштита од несакана бременост и сексуално преносливи болести. Но, за да биде ефикасен, треба да се користи на правилен начин. Еве 10 задолжителни правила кои треба да ги знаете за кондомите.
1. Во секое време со себе треба да имате барем еден или повеќе кондоми, бидејќи никогаш не знаете кога ќе ви се посреќи.
2. Кондомите чувајте ги на суво и ладно место и секогаш проверувајте го нивниот рок на траење бидејќи може да се случи да се исуши и уништи пред да му дојде редот да го употребите.
3. Секогаш користете кондом при сексуални односи, без разлика дали со сталниот или со нов партнер.
4. Пакувањето на кондомот отворајте го внимателно. Користете го резот на работ и притоа избегнувајте користење на какви било остри предмети како ножеви, ножици, турпии и сл.
5. Користете кондом од почеток до крај на сексуалниот чин. Ставете го пред пенетрацијата, а тргнете го по ејакулирањето.
6. Ставајте го кондомот правилно. Притиснете го врвот за да го истиснете воздухот и одмотајте го врз пенисот на вистинската страна. Никако не го развлекувајте па потоа да го ставате.
7. Користете само соодветни лубриканти кои се на база на вода, никако оние кои се на база на масла или вазелин.
8. По ејакулацијата држете ја основата на пенисот како би спречиле истурање на спермата или дури извлекување на кондомот во вагината.
9. Еднаш употребениот кондом не смее да се користи повторно.
10. После употреба, кондомот замотајте го во опаковката и фрлете го во ѓубре, не во веце шолјата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.