10 заповеди на жените кои ја знаат својата вредност
Силните жени кои знаат колку вредат, знаат како да се однесуваат и како да го изберат она што им е потребно во животот. Тие не поминуваат време со луѓе кои им носат негативна енергија и постојано успеваат да пронајдат излез од која било ситуација. Жените кои ја знаат својата вредност се водат според одредени заповеди кои секогаш ги потсетуваат колку тие навистина вредат. Погледнете кои фрази се карактеристични за нив и обидете се да ги применувате и во вашиот живот.
1. Никогаш не карајте се со идиот – тој најпрво ќе ве спушти на негово ниво, а потоа ќе ве победи со своето искуство.
2. Никогаш не удирајте кон луѓето со ѓубриња. Тие може да не стигнат до нив, но ќе останат на вашите раце.
3. Никогаш не сомневајте се во вашата привлечност. Запаметете: Вагата може да лаже, луѓето да завидуваат, а огледалото да биде сосема искривено.
4. Не барајте ги оние кои не ве бараат и не чекајте ги оние кои не ве чекаат.
5. Ако ви кажат дека вашиот воз помина, потсетете се дека постојат и авиони и бродови.
6. Запаметете: Добрите нешта почнуваат да ви се случуваат кога ќе се оддалечите од негативните луѓе.
7. Наместо да ги бришете солзите од лицето, избришете ги луѓето од вашиот живот кои ве натерале да плачете. Не дозволувајте туѓите постапки да го уништат вашиот внатрешен мир.
8. Никогаш не вртете се назад, затоа што не можете да промените ништо што се наоѓа таму.
9. Никогаш не споредувајте се со другите. Не споредувајте го вашето здравје, сопруг, деца или плата.
10. Ако на својот пат не сретнете некој еднаков или подобар од вас, продолжете понатаму. Не постои пријателство со будали.