10 забавни начини да си дадете отказ

10 забавни начини да си дадете отказ

Без разлика дали си заминувате доброволно за да одите на подобро работно место или само за да го напуштите актуелното, или пак ве отпуштаат од работа против ваша волја, секогаш можете да го направите заминувањето забавно и вредно за паметење.

Еве 10 забавни начини да си дадете отказ од работа.10 забавни начини да си дадете отказ

1. Журка

Ако останувате во добри односи со работодавецот и особено со колегите, добар начин да се збогувате со нив е приредување забава. Можете сите да собирате пари за да се обезбеди храна и пиење и најдобро е журката да ја приредите негде надвор од канцелариите. Ова е одлична прилика да се присетите на сите забавни заеднички моменти и да го одржите пријателството со оние кои ги оставате зад вас.

2. Оставете спомени за вас… насекаде

Мислиме на културни, ненападни начини да го одржите споменот за вас откако ќе ја напуштите зградата за последен пат. Може да оставите кугла со персонализирани пораки за секој во конференциската сала или да испечатите слики од себеси придружени со некои изреки, цитати, изрази кои често сте ги кажувале и по кои сте биле препознатливи. Убаво би било на секој колега да му залепите лепливо „post-it“ ливче на бирото со некоја порака.

3. Групен имејл до сите колеги

Ако сакате да допрете до сите колеги, испратете еден имејл до сите одеднаш и оставете ги вашите контакт-податоци за да можат да дојдат до вас во иднина, откако ќе ви ја исклучат службената имејл-адреса и ќе го вратите службениот број назад. Исто така, бидете креативни. Од напишаното зависи какви ќе бидат реакциите. Можете да се одлучите за некој од овие пристапи:

  • Среќен крај: линк до видео со срцепарателна балада + порака на крајот од видеото: „Сашо ја напушта зградата“.
  • Саркастично благодарам: за сите неисплатени плати, скратениот годишен одмор и „ѕврцкање“ на телефон на секои 30 минути… после работното време.
  • Искрено кажување како е, што е: кажете си што ви лежи на душа, само внимавајте до кој степен ќе откриете за себе и за другите.


4. Кажете го тоа со торта

Појдете до слаткарница и нарачајте торта со широка насмевка. Задолжително додадете и текст на пример: „Честитки… за мене! Давам отказ“.

5. Свикајте специјален состанок

Каде и да работите, можете да изнајдете начин да ги викнете сите колеги на едно место во исто време. Тогаш испукајте ја важната вест пред лицата на сите. Или, ако сакате да бидете уште позабавни, снимете се на диктафон кажувајќи дека си давате отказ и оставете го на масата со белешка „Play“.

6. Прекршете ги правилата

Ако сте морале да го почитувате дрес кодот со години, време е да се појавите со шорц и да им бидете трн во очи на претпоставените. Ако не смеете да зборувате на телефон во канцеларијата, заборавете се со вашата пријателка од средно. Ако смеете да слушате музика само на слушалки, „случајно“ откорнете го кабелчето и дозволете да грмне хеви метал во цела зграда.

7. Маички со слоган

Ова може да биде многу креативна и евтина идеја. Набавете 10 обични евтини маици во светли бои и дебел маркер. Смислете креативни слогани за секој ден од неделата и почнете да ги носите 2 недели пред заминувањето. Некои идеи се: „Само уште две недели“, „Саатот отчукува“, „Чао, си одам“, „Ми го гледате грбот за последен пат“ (испишано на грбот) и сл.

8. Откријте ги валканите тајни

Внимателно со ова. Но, ако веќе сте решени да си заминете и да упропастите однос со некого како цена која треба да ја платите за да се чувствувате подобро, ископајте ги сите нерегуларности и валкани тајни и „презентирајте“ ги во фирмата на уникатен начин. На пример, ако работите во продавница, откријте за што поточно плаќаат потрошувачите, истакнувајќи впечатлива реклама во излогот.

9. Направете тетоважа

Секако трајна тетоважа на челото не би била добар избор, но порака, креативно исцртана со маркер кој може подоцна да се измие е супер идеја. Најдете пријател кој ќе може тоа добро да го изведе и изберете место кое ниеден колега, дури ни шефот, нема да пропушти да го види додека сè уште се „шуњате“ на работа.

10. Злоупотребете го канцеларискиот простор

Не зборуваме за уништување или крадење стикери и маркери кои можете и онака да си ги купите за џабе пари. Зарем навистина би ви требал спомен во вид на евтин канцелариски материјал од работното место кое толку го мразевте?!

Не, зборуваме за форма на прекршување на правилата која ќе ги иритира претпоставените бидејќи нема да можат да направат ништо против тоа. Доаѓајте подоцна, заминувајте порано, гледајте серија во работно време… Има безброј идеи кои може да ви паднат на памет. Што е најлошото нешто што може да се случи? Да не ви дадат плата? „Да, сигурно“. Заплашувањата од овој тип се нонсенс. Законот за овие работи, е на ваша страна.

Имате некое интересно лично искуство да споделите со нас?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар