10 вообичаени секс-соништа и нивното значење
Сексуалните соништа, особено оние кои вклучуваат сексуален однос со одредена личност која инаку никогаш не би сакале да ја видите гола, може да бидат доста вознемирувачки. За среќа, сексуалните соништа ретко кога имаат врска со секс. Тие се однесуваат на поврзување на различни, конфликтни делови од вас самите.
Сте сонувале како го правите тоа со вашиот претпоставен, кој инаку ви е одвратен? Следниот ден не сакате да се соочите со него во живо? Многу е вообичаено да имате вакви соништа. Можеби конечно сте зрели да направите сериозна промена во вашата кариера. Еве ги највообичаените сексуални соништа и личностите кои во нив би ги сретнале над вас.
Секс со бивш/а
Не значи дека сакате да се смирите. Може да значи дека сè уште ги процесирате чувствата за него/неа. Ако сте сега со друг/а, ваквиот сон може да значи страв за вашата моментална врска и/или повторно развивање на некои видови чувства кои сте ги имале за бившиот/та.
Инцестен секс
Соништата со секс кои вклучуваат инцест се далеку повознемирувачки од кои било други сексуални соништа и нивното влијание го чувствувате долго време откако ќе се разбудите.
Ако сте имале реално искуство кое вклучува инцест и потоа сонувате за тоа, треба да побарате стручна помош.
Доколку пак никогаш не сте имале вакво искуство, сонувањето за секс со член на семејството може да значи неколку работи: секс со родител може да значи дека сте во фаза кога станувате возрасни или пак самите се спремате да станете родител; секс со кој било член на семејството може да има врска со: прифаќање, длабоко опростување, желба за поголема блискост или смирување.
Хомосексуален секс
Ако не сте хомосексуалец, но сонувате ваков сон, тоа има врска со самодовербата. Зависно од тоа како се одвива сонот, може да има врска со несакањето на некои делови од себе. Доколку тоа го правите со пријател, може да биде објаснување за некој проблем кој постои меѓу вас, несигурност во пријателството или некој квалитет или талент кој тие го имаат, а вие го имитирате. Како и е да, не грижете се – ваквиот сон не значи дека сакате да имате секс со вашиот пријател од ист пол.
Секс со позната личност
Иако можеби стварно би сакале интимно да се припиете до голото тело на Рајан Гослинг или пак до згодната Ева Мендез, сонот со некој од нив може да значи многу повеќе. Тоа има врска со вашата желба да постигнете поголема слава, успех, признание и зацврстување на вашиот социјален статус.
Секс со непознат
Карл Јунг имал теорија дека секој човек има анимус и анима. Анимус е машката енергија кај жената, а анима е женската енергија кај мажот. Сексот со непознат човек од спротивниот пол има врска со состојбата на вашиот анимус, односно анима. Се работи за баланс, за спојување на машките и женските аспекти од вас самите. Всушност, сексот со непознат на сон може да биде добар знак за личен развој.
Исто така, добро е да забележувате какви непознати личности се јавуваат во вашите сексуални соништа. Овие луѓе ќе ви кажат во која состојба е вашиот анимус/анима. На пример, ако сте жена и вашиот анимус маж е секогаш недоволно развиен во некоја смисла, тоа значи дека треба да работите на зацврстување на вашите мажествени аспекти. Ако вашиот анимус е голем, силен, доминантен тип, треба да поработите на негување на вашата женственост.
Силување
Повторно, ако сте имале вакво трауматично искуство во вистинскиот живот, соништата од овој тип би имале многу поинакво значење кое бара помош од стручни лица. Но, ако не сте биле жртва на силување, соништата со силување се многу вообичаени.
Силувањето има врска со насилство, со форсирање, со вашата благосостојба и со вашата самодоверба. Доколку ве силува некој со кого, на пример, се гледате во моментов, тоа може да значи дека таа личност ќе ја уништи вашата самодоверба.
Неверство
Нема потреба да се вадите од памет доколку сонувате како го изневерувате вашиот партнер или тој ве изневерува вас. Веројатно ваквиот сон има врска со загриженост или несигурност во вашата врска. Ако вие изневерувате во сонот, веројатно сте виновни за некои претходни проблеми. Ако вие сте изневерувани, треба да се погледнете во огледало, бидејќи овој сон нема врска со верноста на вашиот партнер, туку со вашите извори на несигурност.
Секс со пријател на вашиот пријател
Ох, каков срам ве облева кога ќе се разбудите од ваков сон. Веројатно само ви се допаѓа некоја добра особина која ја поседува пријателот на вашиот пријател и сакате да ја преземете или да ја пронајдете во вашиот пријател или во вашите потенцијални пријатели.
Чудни интимни делови
Четири дојки, два пениси, комбинација од пенис и вагина, опашка која ви израснала од задникот. Што по ѓаволите значи овој сон? Ако нешто чудно се случува со вашите гениталии во сексуален сон, тоа или има врска со вашата сексуалност или со креативноста или со карактерот. Може да си ја доведувате во прашање вашата сексуална желба. Чувствувате ли грижи, срам или вознемиреност за вашиот сексуален живот или пак недостаток од него? Можеби имате наплив на креативност кој треба да го искористите. Или можеби созревате, растете, се менувате како личност.
Ако сте жена која сонува дека има машки гениталии или обратно, ако сте маж со женски гениталии во вашиот сон, може да сте во фаза на развивање на вашиот анимус односно анима. Ако имате комбинација од пенис и вагина, тоа може да е симбол на хармонија меѓу вашата машка и женска страна, а не тајно откритие дека сте се родиле како хермафродит.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.