10 вистински подароци на љубовта што ќе ја зацврстат вашата врска

10 вистински подароци на љубовта што ќе ја зацврстат вашата врска

Сите партнери си искажуваат љубов на различен начин. Понекогаш поврзаноста помеѓу нив се продлабочува со текот на времето и врската станува сериозна. Но, многу почесто, прекрасните почетоци не траат долго. Многу партнери се мачат да го вратат она што го изгубиле. Нивните првични надежи избледеле и на нивно место се појавиле прашања без одговор: „Му дадов сѐ на партнерот и сепак не успеавме да ја одржиме љубовта во живот. Како е тоа можно?“, „Зошто нашата комплетна посветеност не нѐ задржа заедно?“, „Каде погрешивме?“, „Можеме ли да сториме нешто за да ги поправиме работите?“.

10 вистински подароци на љубовта што ќе ја зацврстат вашата врска

Не е точно дека овие прашања немаат одговор, напротив! Потребно е само да се разменуваат 10-те вистински подароци на љубовта и врската ќе се промени онака како што сте се надевале. Прочитајте за што станува збор…

1. Почитувајте го мислењето на партнерот дури и тогаш кога не се согласувате со него

Луѓето мислат дека сето она што го гледаат, чувствуваат и слушаат треба да биде поддржано од страна на нивните блиски. Кога партнерите наидуваат на несогласување, честопати се обидуваат да си ги наметнат личните мислења еден на друг. Тие не ни сфаќаат колку очајно се држат за нивната перцепција за реалноста, а тоа доведува до исклучување на партнерот.

Паровите мора да прифатат дека можно е да постојат 2 вистински, но различни реалности и дека едната не е пореална од другата. Тие треба да ја побараат поголемата вистина што ќе ги соедини двете нивни реалности или едноставно да се согласат дека не се согласуваат. Кога љубовта е вистинска, едниот партнер нема да сака да ја поништи вистината во која верува другиот.

2. Бидете тука за партнерот во итни ситуации

Кога еден од партнерите ќе побара вистинска помош, другиот е обврзан да помогне и да даде поддршка. Љубовта се продлабочува кога партнерите знаат дека можат да си веруваат меѓусебно и да сметаат еден на друг во итни ситуации. Како што се развива врската, многу лесно може да почнете да го земате партнерот здраво за готово, да си создадете други приоритети или да претпоставите дека повиците за помош не се толку важни или дека некој друг ќе се справи со нив.

3. Научете да простувате

Сите партнери грешат понекогаш. Тие моменти се многу ранливи, но кога владее сигурност во врската, партнерите знаат дека можат да научат од нивните грешки. Не треба да очекувате од вашиот партнер да биде совршен и да има неограничена толеранција за постапките што го повредиле. Токму затоа, многу е важно да бидете отворени и да разговарате за вашите проблеми.

10 вистински подароци на љубовта што ќе ја зацврстат вашата врска

4. Почитувајте си ги вашите внатрешни светови

Колку повеќе време минувате со вашиот партнер толку повеќе почнувате да си влијаете еден на друг. Понекогаш партнерите реагираат еден на друг на необичен начин. Тие реакции може да се предизвикани од нешто што доаѓа директно од врската. Но, може и нешто што се случило помеѓу партнерите да разбуди сеќавања од минатото кои немаат никаква врска со моменталната врска. Кога моменталната интеракција активира некое сеќавање од претходно, особено ако се работи за нешто трауматично и нерешено, и двајцата може да си помислите дека реакцијата е поврзана со партнерот, но тоа не е така. Оваа интеракција создава внатрешен конфликт иако не би требало. Ако луѓето разберат дека нивната поттикната реакција не е предизвикана од моменталната врска, многу полесно ќе можат да го решат недоразбирањето.

Воопшто не е лесно да се разбере нечиј внатрешен свет. Постојат многу сеќавања што ги поттикнуваат човечките чувства, мисли и потреби. Многу е важно обајцата партнери да разберат дека немале исти искуства и дека не поминале низ исти работи во животот.

5. Не ја злоупотребувајте ранливоста на партнерот

Постојат одредени зборови и постапки што можат да му помогнат на човек да се чувствува безбедно или пак да му создадат несигурност, сомнеж и страв. Луѓето кои се сакаат ја знаат разликата помеѓу нив и не се повредуваат меѓусебно со зборовите коишто можат да отворат многу рани. Без разлика колку сте лути, повредени, фрустрирани, вознемирени, нервозни или разочарани, не ја злоупотребувајте ранливоста на вашиот партнер. Партнерите меѓу кои постои вистинска љубов знаат кои зборови го допираат срцето, ја утешуваат душата и го инспирираат умот.

6. Споделувајте го товарот

Партнерите можат да одберат колку енергија ќе вложат во одредена интеракција, дали ќе понудат поддршка и колку ќе бидат присутни во врската. Кога еден од партнерите е пренатоварен и не може моментално да се справи со неговите обврски во врската, другиот треба без двоумење да помогне. Доколку сте посветени на врската, не треба да се грижите дали партнерот ве искористува или дали давате повеќе во одредена ситуација. Прифатете го фактот дека ќе наидувате на неочекувани предизвици кои ќе бараат од вас поголема посветеност и подготвеност да давате повеќе одошто ќе добивате.

7. Направете простор за вашите индивидуални соништа

Дури и највљубените парови забораваат да го поддржат партнерот во остварувањето на неговите индивидуални соништа. Понекогаш, партнерите своеволно ги тргаат на страна личните цели за да сконцентрираат на оние коишто се заеднички. Тие сакаат нивните животи да се испреплетат и да прераснат во целина. Не им пречи да ги жртвуваат личните соништа доколку е потребно да се случи тоа.

Како што минува времето, тие потиснати желби може да излезат на површина. Иако можеби привремено се изгубиле, сега повторно почнуваат да молат за внимание. Партнерите кои се почитуваат и поддржуваат меѓусебно сакаат да ги исполнат тие закопани желби. Знаат дека ќе мора да ги презакажат приоритетите во врската и своеволно да се откажат од некои заеднички цели и соништа.

10 вистински подароци на љубовта што ќе ја зацврстат вашата врска

8. Бидете тука еден за друг во тешките моменти

Никој не може да побегне од тагата. Сите доживеале понижувачки моменти и болни загуби. Кога постои вистинска љубов, партнерите целосно се поддржуваат меѓусебно кога еден од нив одново ќе ги преживее болните сеќавања и емоции. Не се сомневаат во причините зошто саканиот се чувствува така. Треба да разберете дека одвреме-навреме тие тешки и тажни чувства ќе избиваат на површина. Бидете тука за партнерот кога ќе се случи тоа, без никакви осудувања. Дајте му поддршка и понудете му безусловна љубов за да му помогнете да ги излечи оштетените делови од неговиот внатрешен свет.

9. Научете да го читате поттекстот на зборовите што ги кажува вашиот партнер

Треба да научите како да ги слушате зборовите што не се кажани и да ги чувствувате емоциите што не се споделени. Кога постои вистинска љубов, партнерите интуитивно чувствуваат дека се разбираат меѓусебно. Чувствуваат искрен интерес, топла поддршка и комплетна посветеност. Ако навистина го сакате вашиот партнер, ќе можете да ги разберете неговите мисли и чувства што не ги искажува. Ќе можете да ги препознаете неговите потреби дури и пред да ги изговори гласно.

10. Имајте слобода да бидете целосно искрени

Нивото на интимна поврзаност помеѓу партнерите директно зависи од нивната меѓусебна искреност. Колку поотворени можете да бидете кон вашиот партнер толку подобро ќе знаете дали вашата љубов е вистинска. Но, мора да имате на ум дека понекогаш некои вистини не се корисни и потребни во одредена ситуација. Понекогаш, подобро е да се воздржите и да одберете дипломатски одговор. Успешните партнери знаат колку можат да бидат отворени во одредена ситуација.

Интимноста е правопропорционална со желбата на партнерите да ги споделат нивните внатрешни светови. Ако барате поголема блискост, тоа значи дека мора да бидете отпорни и да не заземате одбранбен став. На тој начин ќе можете да создадете поголема транспарентност во врската.

Овие 10 начини на однесување се вистинските подароци на љубовта. Ако имате можност да ги доживеете во врската, ќе се почувствувате длабоко разбрани, целосно прифатени и вистински сакани. Потребно е многу енергија и голема посветеност за да се постигне ваква љубов, но луѓето кои успеале да го сторат тоа, им даваат надеж на сите оние коишто се во потрага по истата среќа.

Доколку не сте сигурни во цврстината на вашата врска, прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар