10 вистини за љубовта кои се базирани на научни истражувања

10 вистини за љубовта кои се базирани на научни истражувања

Љубовта е една од најважните, но и најмистериозните чувства кои ги доживуваме. Човековиот мозок секогаш бара поврзаност со други личности, па токму затоа ние ги чувствуваме самотијата и одбивањето како болни закани за нашето преживување. Поради биолошки и културни причини, многумина од вас можеби веруваат дека сите луѓе имаат потреба од долготрајна љубовна врска која ќе ги исполнува. Но, во реалноста, љубовта не мора да значи дека е непроменлива. Долготрајната љубов не е автоматска, за неа е потребна многу работа, несебичност и желба да се биде ранлив. Погледнете ги наредниве 10 научно базирани факти за љубовта кои ќе ви помогнат малку подобро да ја разберете…

10 вистини за љубовта кои се базирани на научни истражувања

1. Љубовта се разликува од страста

Физичката привлечност игра голема улога во љубовта, но емоционалната љубов е многу поразлична од страста. Ова е причината поради која сексот за една вечер нема тенденција да премине кон долгогодишна врска. Студиите покажале дека страста ја манифестираме во областите за мотивација/награда во мозокот, додека пак љубовта се појавува во регионите кои се поврзуваат со грижење и емпатија.

2. Љубовта истовремено е и чувство и долготрајна состојба на умот

Не е клише кога две срца чукаат како едно, а токму ова го докажало и едно неодамнешно истражување. Во момент на длабока поврзаност, луѓето кои се заљубени несвесно ги имитираат фацијалните експресии, гестовите, па дури и физиолошкиот ритам на своите партнери. Но, љубовта исто така може да биде и долготрајна ментална и емоционална состојба во која ние длабоко се грижиме за добросостојбата на другиот.

3. Потребно е многу работа за изградба на врска која ќе трае

Мета анализите на најдобрите студии кои ги проучувале долгогодишните љубовни врски ни откриваат неколку видови однесувања кои паровите во врски со иднина ги делат. На пример, партнерите имаат позитивни мисли еден за друг кога не се во близина, тие го поддржуваат нивниот личен раст и развој и постојано учат од нивните заеднички искуства.

4. Можеме да го зголемиме нашиот капацитет за љубов

Истражувањата на свесноста и себе-сочувството ни покажуваат дека постојат вежби кои можат за само неколку месеци да го направат нашиот мозок попозитивен и повеќе емпатичен. Монасите кои редовно практикуваат емпатична медитација покажуваат различен ритам на алфа брановите во мозокот во однос на оние личности кои воопшто не медитираат. Медитациите за проширување на свесноста и развивање на емпатијата ја зголемуваат активноста во центрите од мозокот кои се поврзани со позитивните чувства и ја намалуваат активноста на центрите за страв.

5. Не е само во вашата глава

Едно долго и големо истражување покажало дека љубовната поврзаност позитивно влијае врз долгогодишното физичко здравје. Веќе е докажано дека исто како цигарите, така осаменоста и недостатокот од социјална поврзаност може да доведе до пократок животен век. Интересно е што кај мажите во брак има значително подобрување на здравјето, најверојатно затоа што жените ги охрабруваат повеќе да се грижат за себе или пак, можеби затоа што е директно во контакт со нивната емоционална и физичка поврзаност.

6. Ако се фокусираме на љубовта, можеме да ја промениме

Кога намерно ќе го насочиме нашето внимание кон чувствата за љубениот/љубената, ние почнуваме да создаваме позитивна реципрочна спирала од взаемно почитување и среќа. Сите ние сакаме некој да се грижи за нас и да нè цени, па токму затоа истражувањата покажале дека изразувањето благодарност преку зборови или дела создава позитивни чувства кај оној кој говори, но и кај соговорникот.

7. Не станува збор за непроменлив квантитет

Доколку сакате една личност, тоа не значи дека не сте способни за љубов и кон други луѓе. Всушност, тоа што се случува е сосема спротивно. Љубовта е капацитет кој можете да го изградите во себе со помош на ментална концентрација, емоционална поврзаност и активности на грижење. Кога ние се фокусираме на чувствата кон само една личност, внатрешните чувства на задоволство и поврзаност можат да нè мотивираат да станеме личност која има љубов за сите.

8. Не е безусловна

Една од основните услови за љубовта е чувството на безбедност и доверба. За да можете да се поврзете емоционално со вашиот партнер, вашиот предфронтален кортекс треба да испрати сигнал до амигдалата (центарот за аларм во мозокот) да го исклучи вашиот автоматски „бори се или бегај“ одговор. Луѓето кои доживеале некаков вид траума во детството, биле отфрлени, злоупотребувани или кој друг било настан кој ѝ се заканува на сигурната поврзаност можат да имаат потешкотии при исклучување на овој систем.

9. Заразна е

Експресиите на грижа, сочувство и емпатија можат да ги инспирираат овие чувства и кај другите луѓе. Можеби тоа е причината зошто лидерите како Далај Лама или Нелсон Мандела ги инспирирале своите следбеници да бидат најдобри што можат.

10. Љубовта не мора да трае засекогаш, но тоа сепак може да се случи

Во Сонетата 116, Шекспир напишал дека „Љубовта не е љубов која се менува кога ќе наиде на промени“ (Love is not love that alters when it alteration finds). Ние денес знаеме дека љубовта може да биде непроменлива, но тоа не е универзално правило за сите. Всушност некои теоретичари се сомневаат дури и во идејата за фиксно и непроменливо „себе“ – ние не сме истата личност која сме биле пред 10 години. Животните искуства ја менуваат нашата биологија, нашето размислување и однесување и токму затоа кога на еден од партнерите ќе му се променат потребите може да настане предизвик при одржување на врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар