10 вистини што мажите никогаш нема да им ги признаат на жените
Велат дека сите жени кријат по некоја тајна. Но, дали истото важи и за мажите? Вистината е дека и тие чуваат некои тајни за кои жените не се ни свесни. Ова се 10-те големи вистини кои мажите никогаш нема да им ги признаат на жените…
1. „Сакаме самоуверени жени“
Мажите ги гледаат жените онака како што тие се гледаат самите себе. Од таа причина, повеќето мажи попрво ќе одберат харизматична жена со вишок килограми отколку манекенка која има проблеми со самодовербата. Тоа е така затоа што самоуверената жена е автоматски и попривлечна.
2. „Важно ни е како изгледате“
Повеќето мажи не се интересираат дали нивната поубава половина е облечена модерно или не, но сакаат кога жените се облекуваат елегантно и секси, но не вулгарно. Не заборавајте дека мажите љубат со очите.
3. „Не знам како да го направам тоа“
На момците им е многу важно да остават впечаток на вистински мажи кај жените. Токму поради тоа, тие се подготвени да ја прифатат секоја задача дури и тогаш кога не се сигурни како да ја завршат. Тие сакаат нивните партнерки да ги доживуваат како силни и паметни, без разлика дали знаат да го поправат фенот за коса или не знаат.
4. „Изгубени сме кога ќе ни поставите незгодно прашање“
Жените обожаваат да поставуваат прашања од типот „Дали изгледам дебело?“ притоа правејќи тажен и заканувачки израз на лицето. Но, мажите навистина не сакаат да одговараат на такви прашања. Ако нивната сакана изгледа дебело, момците ќе го забележат тоа, но сепак ќе одговорат со комплимент бидејќи знаат дека тоа сакаат да го чујат жените.
5. „Не можам да си го дозволам тоа“
Не е никаква тајна тоа дека мажите постојано се натпреваруваат меѓу себе. Тие постојано се споредуваат со нивните пријатели и мразат да прифатат неуспех. Мажите едноставно не можат да им кажат на нивните девојки дека не можат да си дозволат нешто.
6. „Љубоморен сум“
Мажите не сакаат отворено да ги покажуваат нивните чувства и ако видат дека нивната девојка флертува со некого, најверојатно нема да покажат никакви емоции. Меѓутоа, верувајте дека длабоко во себе чувствуваат бура од емоции.
7. „Мислам дека твојата сестра/пријателка е многу секси“
Станува збор за нешто многу едноставно: Ако вие мислите дека вашата пријателка или сестра се многу секси и вашиот партнер ќе го забележи нивниот квалитет. Можеби дури и ќе мисли на нив, но никогаш нема да го каже тоа на глас. Колку и да се сакате меѓусебно, вашиот партнер никогаш нема да престане да гледа по други жени.
8. „Сакаме да слушаме комплименти“
Според традицијата, мажите се тие кои даваат комплименти, но вистината е дека и тие сакаат да добиваат пофалби. И тие сакаат да чујат убави зборови и да почувствуваат дека некој ги гледа со љубов исто како и жените. Ваквите ситници можат да доведат до големи промени. Мажите сакаат да знаат дека не било залудно времето што го потрошиле во барање соодветна модна комбинација пред да се видат со вас.
9. „Се плашам“
Мажите не би требало да зборуваат за своите стравови. Барем така се вели. Но, вистината е дека сите луѓе имаат свои стравови и тоа е сосема нормално. Мажите никогаш не би ви кажале дека се плашат од темница или од пајаци за да не ја покажат својата слабост.
10. „Ние сме експерти за криење емоции“
Тажните краеви на љубовните филмови што ги расплакуваат жените можат да ги трогнат и мажите. Единствената разлика е во тоа што тој ќе ви префрла поради тоа што гледате „глупости“, а потоа скришум ќе си ги избрише солзите.
Сакате да дознаете повеќе за машкиот ум? Прочитајте ги и овие 4 мали „валкани“ тајни што мажите ги кријат од вас.