10 видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци
Кога времето заладува, може да биде навистина тешко да не качите некој килограм. Помеѓу намалената физичка активност и можноста да го сокриете телото под слоеви облека, речиси секој се здебелува барем малку во текот на зимата. Се разбира, многу е поважно да се чувствувате добро отколку да изгледате добро, па важно е да внимавате на исхраната и во текот на зимата. За среќа постојат неколку видови храна што можете да ги најдете многу лесно, а сигурно ќе ви помогнат да се справите со зимската депресија. Па, подобрете ги расположението и здравјето со овие 10 намирници.
1. Мандарини
Најдобро е да ги консумирате мандарините во нивната сезона, односно од октомври до јануари. Не само што ова е можеби најсвежото овошје во текот на зимата, туку е полно и со витамин Ц. Сите знаеме колку е важен овој витамин за нашиот имунитет.
2. Јогурт
Студениот воздух во зимата често резултира со многу сува кожа. Покрај редовното користење креми, храната што ја внесувате исто може да ви помогне. Јогуртот содржи ферментирано млеко кое може да ја подобри состојбата на вашата кожа.
Едно истражување открило дека жените кои јаделе јогурт четири недели, имале многу повлажна кожа за разлика од оние кои не го консумирале.
3. Јајца
Јајцата се еден вид супер храна и тие се многу повеќе од добар извор на протеини. Јајцата се полни со минералот селен. Овој минерал е особено важен за имунитетот, а има и слични својства со колагенот кој ја подобрува состојбата на вашата кожа.
4. Калинка
Не само што ова овошје е вкусно, туку е полно со витамин Ц. Всушност, во само една калинка има 48% од препорачаната дневна доза витамин Ц. Па наместо да пиете или да консумирате додатоци со овој витамин, изедете една калинка.
5. Авокадо
Можеби не треба да ве убедуваме да јадете авокадо бидејќи е одлично во секој сезона. Но ќе го сакате уште повеќе кога ќе дознаете дека ви е од корист. Авокадото е богато со фолна киселина која може да го подобри вашето расположение.
Продолжува на следната страница…