10 видови храна и пијалаци кои ќе направат вашето тело да мириса одлично - Part 2

10 видови храна и пијалаци кои ќе направат вашето тело да мириса одлично

6. Портокал наместо тиква

10 видови храна кои ќе направат вашето тело да мириса одлично

Цитрусните овошја имаат прекрасен мирис и лесно се апсорбираат. Па, тие се одличен начин да го подобрите вашиот телесен мирис. И тиквата содржи холин кој предизвикува лош мирис.

7. Кардамом и цимет наместо лук и кромид

10 видови храна кои ќе направат вашето тело да мириса одлично

Кардамомот и циметот не само што ѝ го подобруваат вкусот на храната, туку му даваат свеж и пријатен мирис на вашето тело. Лукот и кромидот содржат органски сулфур кој се елиминира низ порите, со тоа предизвикувајќи лош мирис.

8. Целер наместо аспарагус

10 видови храна кои ќе направат вашето тело да мириса одлично

Целерот му помага на телото да произведе феромони, па ова ве прави попривлечни за спротивниот пол. Киселината во аспарагусот се разградува во сулфур кој го влошува мирисот на вашето тело.

9. Бела риба наместо црвено месо

10 видови храна кои ќе направат вашето тело да мириса одлично

Воздржувањето од црвено месо може да има многу придобивки. Едно истражување покажало дека на жените им бил попривлечен мирисот на мажите кои не јаделе месо 2 недели, во споредба со оние кои јаделе. Консумирањето риба не предизвикува лош мирис како месото. Па ако имате закажано состанок, подобро јадете риба наместо црвено месо.

10. Семе од фенугрик наместо семки од тиква

10 видови храна кои ќе направат вашето тело да мириса одлично

Семките од фенугрик го подобруваат здравјето на дигестивниот систем и помагаат во отстранувањето на токсините. Семките од тиква содржат многу холин и предизвикуваат лош мирис.

Јадете умерено

10 видови храна кои ќе направат вашето тело да мириса одлично

Иако никој не сака да мириса лошо, избегнувањето на храната на оваа листа не е најдобра идеја поради нејзината хранлива вредност. Најдобро е да ги консумирате сите овошја, зеленчуци и млечни производи, но умерено.

Погледнете ги и овие решенија за непријатниот мирис од потењето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар