10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот - Part 2

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

6. Зачувувајте

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Мирот и солидарноста во Европа не се природен закон. Тие бараат грижа, труд и зачувување“, Хеле Торнинг Шмит.

Хеле е директорка на Спасете ги децата интернационално (Save the Children International). Таа надгледува хуманитарни програми и програми за развој кои стигнуваат до 55 милиони деца во 120 држави. Пред нејзината вклученост во организацијата, таа била политичар од Данска. Ако може да се научи нешто од нејзиното долго резиме како лидер, тоа е нејзината издржливост. Таа го поминала поголемиот дел од нејзиниот живот барајќи начин да им помогне на другите. Секој лидер треба да биде подготвен за долга битка, да им пристапи на проблемите со истрајност и енергија. Важно е да сфати дека понекогаш најдоброто оружје што може да се искористи е времето и трпението.

7. Споделете го знаењето

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Јас сум учител. Така се дефинирам себеси. Добриот учител не е само некој кој им ги дава одговорите на децата, туку ги разбира потребите и предизвиците и им ги дава потребните алатки за успех. Така се гледам јас, па што и да правам после политиката, ќе биде поврзано со учење“, Џастин Трудо.

Џастин Трудо е 23-тиот премиер на Канада. Неговите искуства како учител, татко, лидер и адвокат ги оформиле неговите идеали. Интересно е тоа што тој ја гледа неговата улога како премиер преку леќата на учител. Учителот треба да ги препознае разните стилови на учење и разните карактери за да помогне на што е можно повеќе луѓе. Речиси секоја ситуација може да се претвори во можност за учење. Следниот пат кога ќе забележите дека некој прави нешто поразлично од вас, гледајте го и можеби ќе научите нешто ново.

8. Поместувајте ги границите

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Знам како да ги измерам границите. Стигнуваме до нив, може дури и да ги поместиме. Но никогаш не ги преминуваме“, Ху Шули.

Ху Шули е уредник на списанието „Caijing“. Додека некои новинари се замолчени или затворени, таа неуморно работи за да ги помести границите на цензурата во Кина. На пример, кога ќе се случи сериозна природна катастрофа како земјотрес, за новинарите е опасно да известат за бројот на жртви. Вестите може да бидат потиснувани неколку години, но Шули редовно издава извештаи во нејзиниот весник. Позната по нејзиното истражувачко новинарство, таа дури ја добила титулата „Најопасната жена во Кина“. Нејзината волја да ги помести границите на цензурата им овозможува на луѓето информации за светот околу нив. Таа знае како да игра до границата, притоа задржувајќи ја безбедноста на нејзините вработени. Важно е секој лидер да ги знае правилата и причината зад нив за да може да води најефикасно.

9. Бидете добар комуникатор

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Ако не разбирате, поставувајте прашања. Ако ви е неудобно да поставите прашање, кажете го тоа и сепак прашајте. Лесно е да препознаете кога прашањето доаѓа од добро место. Потоа слушајте повеќе. Понекогаш луѓето сакаат да се чувствуваат слушнато“, Чимаманда Нгози Адичи.

Чимаманда е автор од Нигерија. Нејзините дела се преведени на над 30 јазици. Таа е автор на книгата „Пурпурен хибискус“ (Purple Hibiscus) за која добила 2 награди. Има држено и ТЕД говор наречен „Опасноста од една приказна“. Во оваа презентација таа ги претставува своите идеи преку анегдоти, исповеди и слики. Иако можеби многу луѓе не го разбираат нејзиното искуство како жена од Нигерија, тие можат да учат од нејзината перспектива.

10. Бидете флексибилни

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Мора секогаш да истражите што работи, да ги еволуирате вашите идеи и да го променувате начинот на кои ги правите работите“, Марк Бениоф.

Марк е американски Интернет забавувач, автор и филантроп. Тој е основач на „Salesforce“, компанија за компјутерска обработка во облак. Неговиот модел за компанијата се променил многу од почетокот. За да остане успешен, лидерот мора да сфати дека методите кои работеле во минатото не значи дека ќе работат и во иднина. Пречките со кои се соочува една компанија постојано се менуваат, па затоа треба да се менува и лидерот.

Погледнете ги и овие квалитетни особини на големите лидери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар