10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

Ако на Интернет пребарате нешто за најистакнатите лидери, ќе добиете листа со многу имиња. Некои од нив ќе ви звучат познато, но за многумина сигурно воопшто немате слушнато. Кога ќе ја видите разновидноста на листата на професии, ќе ви стане јасно дека не е важно што работите или каков е вашиот ранг, туку важно е како вашето присуство влијаело на промената. Без разлика што мислите за луѓето на оваа листа, сите тие поседуваат квалитети кои направиле неверојатни промени. Ова се вештините кои можете да ги научите од најдобрите светски лидери.

1. Бидете сочувствителни

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Кога ќе го создадеме вистинскиот идентитет, можеме да кажуваме работи кои луѓето обично не веруваат дека имаат смисла. Можеме да ги натераме да направат работи кои ги сметале за невозможни“, Брајан Стивенсон.

Брајан Стивенсон е основачот на Иницијативата за рамноправна правда (Equal Justice Initiative – EJI), и се бори против сиромаштијата и расната дискриминација во правниот систем. Со EJI тој добил спор тврдејќи дека животот без условна казна за деца помлади од 17 години е неуставен. Исто така, Брајан добил и бројни награди и држи говори за моќта на идентитетот и сочувството. Неговото лидерство е за тоа да се биде отворен и свесен за историјата на светот.

2. Бидете одлучни

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Потребно е да се има доверба помеѓу партнерите и пријателите. Довербата треба постојано да се гради“, Ангела Меркел.

Меркел е канцелар на Германија. Таа ја преживеала финансиската криза на Европа и имала главна улога во отстранувањето на рецесијата во Германија. Таа стои и зад неколку историски одлуки како спасување на еврото, реформи во енергијата, придобивки за родителите и укинување на регрутацијата. За да бидете лидери, мора да верувате во вашите способности. Важно да бидете со чиста глава и да земете предвид неколку можности во конфликт. Ако се најдете во ситуација каде што сте преплавени со можни одлуки, преземете одговорност како Меркел.

3. Бидете разновидни

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Она што го научив по деценија зборување и слушање илјадници луѓе кои не се согласуваат со мене во врска со климата, многу повеќе нè поврзува отколку што нè разделува“, д-р Катарина Хејхо.

Катарина со години зборува за климатската промена преку својата книга и сопствениот веб-серијал. Покрај тоа, таа е христијанин која живее во Тексас. Во последно време поделбата помеѓу науката и религијата е толку поларизирана што е тешко да се поверува дека некој може да биде и научник и религиозна личност. Катарина е доказ дека ова е можно. Лидерот треба да може да заземе повеќе улоги истовремено. На пример, една важна улога е воведување дисциплина. Важно е да можете да го смирите непристојното однесување. Но, покрај тоа треба да бидете реални, поврзани и сочувствителни со другите.

4. Бидете иновативни

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Помогнете им на младите. Помогнете им на малите луѓе. Бидејќи малите луѓе ќе станат големи. Младите ќе го имаат семето кое ќе го всадите во нивните умови, а кога ќе пораснат ќе го променат светот“, Џек Ма.

Џек Ма е поранешен професор по англиски и основач на Алиекспрес, најголемата компанија во Кина која во март остварила приход од 23 милијарди. Се разбира, нема потреба да создадете компанија со олкав приход за да ве сметаат за успешен лидер. Важно е да можете да смислувате креативни решенија на проблемите во вашата област. Настојувајте да инвестирате во луѓе кои можат да ја зајакнат вашата способност за водење.

5. Смирувајте

10 вештини кои можете да ги научите од најдобрите лидери во светот

„Малку ме загрижува што кога луѓето наоѓаат проблем, брзаат да одлучат што да прават“, Џенет Јелен

Џенет ја има заслугата за моменталната економија на САД која е значително посилна за разлика од пред неколку години. Таа има репутација на смирувач, односно на личност која е посредник помеѓу две групи. Ова е силна лидерска особина која често се заборава. Важно е да можете да соедините 2 групи со разно мислење и да предизвикате разговор помеѓу нив.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар