10 верувања на успешните луѓе

10 верувања на успешните луѓе

Навидум успешните кариеристи ви изгледаат дека успеале само поради нивните врски или презимето кое го носат. Но напротив, воопшто не мора да биде така. Најголем дел од вистински успешните личности стигнале до таму токму поради нивните верувања и ставови. Ова се верувањата на успешните луѓе кои можат да ви послужат како пример.

10 верувања на успешните луѓе

1. Заборави на судбината и фокусирај се на она што го сакаш


„Понекогаш животот те удира со цигла по глава. Не губете верба. Убеден сум дека единственото нешто што ме мотивираше за понатаму беше тоа што го сакав она што го работев. Мора да го најдеш она што го сакаш.“ – Стив Џобс

Доколку сакате да бидете успешни заборавете на изговори од типот не ми е судено. Чекорете по патот за кој чувствувате страст, а доколку нема таков, направете го сами. Многумина би се откажале кога нештата ќе згуснат, префрлајќи ја вината на судбината.

Стив Џобс беше отпуштен од сопствената компанија па сепак не се откажа. Да, лоши работи се случуваат во сечиј живот, но она во што успешните личности се цврсто убедени е дека секогаш треба да продолжиш напред, правејќи го она што го сакаш и вложувајќи ја сета страст.

2. Неуспехот е само првиот чекор од процесот на учење

Помислете на сите успешни луѓе што ги знаете. Дали секој од нив успеал при првиот обид? Опра Винфри била отпуштена од нејзината прва работа во телевизија, а Волт Дизни добил отказ од уредничкото место во едно списание бидејќи наводно немал добри идеи. Ретко кој успева од прва, и никој не поминува во животот без падови и разочарувања. Така што, кога нареден пат ќе доживеете неуспех, кренете ја главата и речете си, сега имам една добра лекција, и продолжете понатаму.

3. Никогаш не се сомневаj во сопствените способности


„Без разлика дали мислите дека можете или не, во право сте.“ – Хенри Форд

Неретко другите ќе ве обесхрабрат, намерно или не. Но секогаш одржувајте цврста верба во себеси. Сè зависи од вас самите. Ако цврсто решите дека сте способни да постигнете нешто, токму тоа ќе се случи. Да, дури и најголемите умови некогаш искусиле несигурност, но сè додека го правите нештото со страст и со верба во себе, вие сте на вистинскиот пат.

4. Одбери да продолжиш дури и тогаш кога ништо не оди како што треба


„Нашите избори, многу повеќе од нашите способности, покажуваат кои сме навистина.“ – Џ. К. Роулинг

Авторката на серијалот за младиот волшебник Хари Потер, Џ. К. Роулинг, не добила зелено светло веднаш, дури се соочила со остри критики и многу затворени врати на издавачките куќи. Со оглед на тоа што одбрала да продолжи и да не се откаже, таа денес е првиот автор милијардер.

5. Ако си генијалец не значи дека ќе бидеш успешен


„Паднав на некои испити, а мојот пријател ги положи сите. Сега тој е инженер во Мајкрософт а јас сум сопственикот.“ – Бил Гејтс

6. Ако навистина сакаш нешто, ќе најдеш начин да го добиеш

Оној кој не сака бара изговори, додека пак оној кој сака наоѓа начини.

7. Секогаш биди подготвен да ризикуваш


„Не се плаши да се откажеш од доброто за да го достигнеш одличното.“ – Џон Д. Рокфелер

Никој никогаш нема да знае сигурно дали ризикот ќе се исплати. Останува на оние кои целат високо да се обидат. Бидете спремни да преземете логични ризици, бидејќи без да излезете од безбедната зона никогаш нема да го искусите успехот.

8. Знај во што се впушташ


„Ако не можеш да го објасниш на едноставен начин, тогаш не го разбираш доволно добро.“ – Алберт Ајнштајн

Никогаш не се впуштајте во целосно непозната темна зона. Ако сакате да влезете во некаков бизнис, на пример, информирајте се, научете како оперира, што се бара на пазарот, запознајте ја конкуренцијата, и сл. Не се впуштајте во нешто сосем непознато верувајќи дека некако магично работите ќе си дојдат на место. Неинформираноста никогаш никому не му донела успех.

9. Биди љубезен, а не себичен

Многумина создаваат сосем погрешна слика за тоа како да се постигне успех – биди себичен, гази сè пред себе, грижи се само за сопствените потреби. Иако во животот неретко ќе сретнеме луѓе кои ќе одбијат да ни бидат од помош, не значи дека треба да изгубиме верба во човештвото. Оној кој вистински вреди и кој е вистински успешен во животот, секогаш е тука за своите најблиски и е грижлив за другите. Љубезноста секогаш ја победува себичноста, бидејќи колку повеќе даваш толку повеќе добиваш. Сигурно сте чуле дека отворената рака секогаш може да добие нешто, но затворената никогаш не добива ништо.

10. Не чекај, создавај


„Лифтот до успехот не работи. Ќе мора да тргнете по скалите… чекор по чекор.“ – Џо Жерард

Никогаш нема да дојде совршеното време кога сè магично ќе си доаѓа на место. Ако не се фатите за работа, никогаш нема да стекнете искуство. Да, на почетокот може да направите многу грешки, но греши само оној кој работи. Никој нема да ви го понуди совршеното работно место веднаш по завршувањето на вашето образование. Но кога ќе почнете со нешто не-толку-совршено, ќе стекнете познанства, пријатели, искуство, ќе се пронајдете себеси, и на крајот ќе излезе дека сте создале нешто прекрасно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар