10 важни лекции за сексот
Сексот е причината поради која многу луѓе се пријателски настроени кон други, тој е потреба која целиот свет ја има, а сепак повеќето од нас сè уште не се чувствуваат удобно да зборуваат на таа тема. Но, ако не сакате да зборувате, барем редовно едуцирајте се и искористете го знаењето за да имате поздрав, повозбудлив и поисполнет сексуален живот.
1. Вашите сексуални фантазии, колку и да ви изгледаат чудни и перверзни, не ве прават чудак.
2. Не мора да сте заљубени за да имате добар секс.
3. Не само што е дозволено, туку е и пожелно да му дадете до знаење на вашиот партнер што е тоа што ви се допаѓа, а што не ви се допаѓа во кревет.
4. Не прифаќајте да правите работи кои не ви се допаѓаат.
5. Никогаш не се заблагодарувајте за секс, дури и кога е фантастичен. Сексот е ваше апсолутно право, не подарок или услуга за која треба да кажете „фала“.
6. Луѓето во текот на сексуалниот чин не ги забележуваат целулитот, влакната, пивскиот стомак, бодликавата брада и останатите „недостатоци“ на човечкото тело.
7. Од сексот не треба да се срамите, ниту да жалите што се случил.
8. Ентузијазмот и храброста се две карактеристики кои е многу пожелно да ги употребите во сексуалниот живот. Покажете му/ѝ смело и самоуверено на партнерот/партнерката што имаат.
9. Практикувајте одвреме-навреме да испробувате нови работи во сексот. Никогаш не дозволувајте тој да стане монотон и здодевен.
10. Порнографските содржини се возбудливи за многу луѓе. Изберете го она што ви е по вкус и дозволете си слободно разгорување на страстите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.