10 трикови за вашата облека кои би требало да ги знаете

10 трикови за вашата облека кои би требало да ги знаете

Сте се извалкале со црвено вино или ви останало жолто кај пазувите на омилената бела кошула? Без грижа, има решение. Што е со потемнетата бела гума на патиките или новите чевли кои ви создаваат болки и плускавци бидејќи не се разгазени? Продолжете со читање, за секој проблем со облеката и обувките, постои едноставен домаќински трик.

10-trikovi-za-vashata-obleka-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-kafepauza.mk

1. Гумата од патиките исчистете ја со комбинација на сода бикарбона и течен детергент. Четкајте со стара четкичка за заби и ќе добиете блескаво бели патики.

2. Ставајте ги алиштата на закачалка така што ќе ги протнувате од долниот дел на облеката. Побрзо е и ќе спречите растегнување во делот околу вратот.

3. Доколку често ви се случува да кинете хулахопки, заштитете ги така што пред да ги облечете ќе ги напрскате со лак за коса.

4. Доколку пак веќе ви се скинала хулахопката, носете со себе проѕирен лак за нокти за да спречите дупката да се зголеми.

5. Доколку ве стегаат новите чевли, ставете вода во пластични кеси и со нив наполнете ги обувките. Пикнете ги така во замрзнувачот преку ноќ и веќе утре чевлите ќе ви бидат сосема точни.

6. За бојата на темните фармерки да ви трае подолго, користете бел (алкохолен) дестилиран оцет при перењето во машина. Не грижете се, мирисот нема да се чувствува.

7. Доколку ви се откопчува патентот од фармерките, поврзете го делот за влечење со безопасна покрај копчето над него. Штом го закопчате, нема кај да мрда.

8. За отстранување на незгодните жолти дамки од пот на маиците, пред перење натопете ги со лимонов сок.

9. За дамките од црвено вино, можете да се послужите со бело вино, кисела вода или сол.

10. За да си ја пикнете врвката назад во качулката, пикнете ја прво во сламка за сок, а потоа протнете ја низ качулката. Брзо и лесно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. stojna Reply

    kako ukloniti fleku od boje

Остави коментар